Blogger.com забранет во Турција

Од 24 октомври 2008 турскиот суд го блокираше пристапот до популарниот сервис за блогирање Blogger (Blogger.com и Blogspot.com сопственост на Google). Според BasBasBas.com холандски блогер кој моментално живее во Инстамбул, кој не извести за блокирањето:

Се претпоставува дека причината за ова е поврзана со Аднан Октар, кој од некои се смета за водечкиот муслимански застапник за креационизам, кој во минатото успеа да ги блокира WordPress, Google Groups, како и веб сајтот на Ричард Давкинс.

Турските интернет корисници ја гледаат оваа порака кога ќе се обидат да пристапат на Blogger.com и сите блогови хостирани на Blogspot.com: „Пристапот до оваа веб страница е суспендиран според одлуката број 2008/2761 од турскиот Дијарбакир прв криминален суд за мир.“

Фотографија од пораката за блокираната страница

Ова е втор популарен блог сервис којшто е блокиран во Турција. Во август 2007, Турскиот Фатих втор цивилен суд го блокираше пристапот до целиот wordpress.com домен после наводното клеветење на турскиот исламски креационист Аднан Октар (Харун Јахја).

Аднан Октар им има многу наштетено на турските неризени во однос на нивниот пристап кон интернет. Тој успеа да забрани многу веб сајтови со судска одлука. Наспроти овие два сервиси за блогирање, Аднан Октар има поднесено жалба за Google Groups, што доведе до забрана на сајтот.

Турција исто така го има забрането пристапот до двата сајта за споделување на видеа, YouTube и Dailymotion поради видеата кои го навредуваат основачот на земјата Кемал Ататурк.

Slide, креаторот на виџети (widgets) за социјалните мрежи, исто така е блокиран од турскиот суд поради „креирање фотографии и написи кои се навредувачки за Ататурк“

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.