Египетскиот блогер Нора Јонис доби прва награда за човекови права

Египетскиот блогер и активист за човекови права Нора Јонис ја прими својата награда на годишното доделување на награди за човекови права.

Human Rights First ја одржа својата традицуионална вечера и ја прослави 30 годишнината со тоа што им одаде почит на овие од првите редови во борбата за човековите права, на која учествуваше актерката Сигурни Вивер, која ќе ја води церемонијата, Керолајн Кенеди, која ќе прими награда во име на својот вујко, сенаторот Тед Кенеди, и пејачката Мери Чапин Карпентер, која ќе настапи.

Фустат известува:

Таа ја дели наградата со Олег Козловски, млад демократски активист во Русија – земја која се оддалечува од патот на демократијата секој ден. Сенаторот Тед Кенеди исто така е награден за неговата долга и истакната кариера како заштитник на човековите права.
Human Rights First во последните години многу ги поддржува човековите права во Египет и имаше кампања за Саад Един Ибрахим, кој ја доби истата награда во 2002. Ала и Кареем меѓу другите, а и јас би сакале да ја искажеме нашата благодарност и поздрав за вашата поддршка на овој весел настан.

Фустат со гордост го пренесува описот на блогерката од Human Rights First:

Еве како тие ја опишаа Нора:

… Кога египетските војници користеа цистерни со вода и пендреци за брутално да ги истераат суданските бегалци од плоштадот во Каиро, Нора Јонис беше таму, запишувајќи забелешки и фотографирајќи. Нејзиниот блог за инцидентот привлече интернационално внимание кон злоупотребувањето на овие ранливи бегалци од страна на египетската влада. Нора продолжува да ја подигнува свеста за кршењето на човековите права во Египет преку нејзините блог постови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.