- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Шумата на Хиро, се поредок вид на „Сатојама“ училиште кое ги поврзува децата од рурална Јапонија со природата

Категории: Јапонија, Граѓански медиуми, Животна средина, Младина, Образование
生まれて初めてのこぎりで竹を切り、手作りした装置や食器を使って流しそうめん体験。外で食べるそうめんの味は最高! 撮影は2014年8月2日、SanoRieによる。使用許可済み。

Децата се учат на начини за искористување на изобилниот сатојама ресурс, бамбусот. Бамбусот може да се искористи како алатка, храна, или во случајов, како систем за пренесување вода и нудлс во лето (јадењето нудлс надвор во лето е секогаш забавно). Фотографирано на 1ви август 2014. Фотографија на: SanoRie.

Сатојама училиште во руралната Тојама покраина во Јапонските Хокурику т.е „северни предели“ кое беше затворено оваа пролет [1] доби втора шанса.

Сатојама [2] е термин со богато значење во Јапонија и генерално се однесува на интензивно култивирана земја која се вклопува во природната средина. Поголемиот дел од рурална Јапонија беше сатојама, каде не само што култивирањето на ориз зависеше од чистата вода од околните ридови, туку и самите оризови полиња играа клучна улога во постоењето на богат, живописен екосистем.

Сатојама училиште, тогаш, беше основата на заедницата, служејќи како начин на пренесување на знаењето за земјата на идните генерации кои би продолжиле да живеат, и да помогнат во одржувањето на сатојамата. Со намалувањето на руралното население во Јапонија, во изминативе две декади ваквите училишта продолжуваат да се затвораат.

Во случајот на училиштето во Тојама, група од локални родители, старатели и други волонтери повторно го отворија училиштето и го нарекоа Хиротан Но Мори [3], кое грубo преведено значи Шумата на Хиро. Училиштето објавува фотографии и информации за нивните часови и настани на нивната фејсбук страница.

Целта на Шумата на Хиро е да им овозможи на локалните деца од сите возрасти да ја искусат природата. Училиштето е оддалечено околу 30 минути возење со автомобил од малечкиот рурален град Такаока во Тојама, во близината на јапонското крајбрежје.

Шумата на Хиро им овозможува на децата да ги искусат традиционалните активности на руралните деца: копање на бамбусови корења, собири за гледање на светулки во јуни и правење на традиционални изработки од бамбус. Во ноември има планови да им се овозможи на децата да изградат куќарка на дрво во шумата.

Идејата е децата да научат за руралните традиции додека искусуваат подлабока поврзаност со природата. Надежта е дека ќе се пренесат начини на живеење во, и заштита, на нивната сатојама и во исто време учење на тоа како да се работи, но и да се поминува време во околната шума.

На крајот, сатојама училиштата и Шумата на Хиро имаат за цел и за зачувување на еден начин на живот кој исчезнува во Јапонија со постепеното стареење на населението.