Замбија: Документарец на Јутјуб за негативното влијание од ископувањето на бакар

Документарец посветен на ископувањата на бакар во Замбија и неговото негативно влијание врз општеството се појави на Јутјуб и досега привлече повеќе од 6.000 кликнувања.

Видео клипот насловен како „Замбија: Добар бакар, лош бакар“ за прв пат беше промовиран во блогосферата од страна на Zambian Economist (Замбијан Економист). Чола Муканга, креаторот на блогот, напиша:

Моќен документарец за економскиот грабеж на ископот на бакар во Замбија како и придружната штета врз животната средина. Станува збор за прашања кои ги имаме дискутирано многу пати на оваа веб страница, но добро е да се видат во целина во ова видео. Видеото беше направено во април 2012. За жал, потребни беа странски новинари за да се направи ваков документарец. Каде се нашите истражувачки новинари?

Неколку интернет корисници реагираа на клипот. Џорџ Чисенга одговори:

Не знам што повеќе да кажам, но она што можам да го кажам е дека ми се гади и дека навистина не знам што можеме да направиме и што ќе направиме, за еден ден како Замбијци да ја завртиме среќата на наша страна

TheJosok се жалеше:

Плачи земјо наша сакана.
Зошто да останеме сиромашни кога посакуваниот производ го имаме во изобилие и е ископуван на сметка на здравјето на локалното население

Карта која го покажува регионот каде се ископува бакар во Замбија. Сликата е објавена од страна на корисникот на Википедија, Acntx, под лиценца на Криејтив Комонс (CC BY-SA 3.0).

gogohasme2 напиша:

[…] и јас исто така сум Замбиец и откако го гледав ова мислам дека треба да се здружиме и да пробаме да се бориме за нашата држава, а не само да го гледаме видеото и да не правиме ништо. Ние мора да смислиме нешто, ние нема да речеме дека ДМД (Движење за мултипартиска демократија) или пак ПФ (Патриотскиот фронт) ГО НАПРАВИЈА ОВА „ние можеме да се спротиставиме и да направиме да се слушне нашиот глас..

Она на што Замбијците најмалку можат да се надеваат е дека политичките лидери во земјата нема само да го гледаат документарецот туку и ќе направат нешто..

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.