Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Видео: Робот ни покажува како да останеме безбедни на Интернет

Ono the Robot, mascot for teaching digital safety

Роботот ОНО

Онлајн безбедноста е комплексна тема која, понекогаш, е тешко да се разбере или да се соочи. Користејќи симпатичен, анимиран робот, Tactical Tech Collective преку кратки видео анимации кои можат да се гледаат онлајн или да се симнат, се обидува да ги информира луѓето како да останат безбедни на интернет.

Со  осум нови неделни изданија за нивната нова серија „Опстанок во дигиталната ера“, роботот ОНО ќе ни помогне со безбедноста на електронската пошта, безбедноста на Фејсбук, приватно сурфање итн. Првото видео од новата серија е HEY YAHOO! HTTPS MY EMAILS! каде е објаснето како да одберете  безбеден провајдер на електронска пошта. Видеата се преведуваат од волонтери на различни јазици.

Роботот ОНО се појави во 2010 објаснувајќи ги Дигиталните траги кои ги оставаме позади нас и како да ги обезбедиме нашите лични информации и контакти кога користиме мобилни уреди, фотоапарати или интернет. Видеата од минатите серии веќе се преведени на многу различни јазици. Следново видео е промотивното видео за оваа епизода, а целосното видео може да се погледне на Onorobot.org.

Низ очите на ОНО гледаме како постојано сме надгледувани преку нашето виртуелно комуницирање. Иако во повеќето случаи ова можеби не е штетно за нас, сепак ние имаме многу малку контрола врз тоа што сакаме да го зачуваме како лично и тоа што јавно може да се гледа, снима или презема како информација. Ова е од клучно значење за активисти или новинари кои се под надзор и чии виртуелни активности можат да им наштетат. ОНО истражува   некои од начините на кои што луѓето можат да го заштитат својот идентитет како и да го одделат тоа кои се од она што прават како: употребата на анонимизирање и алатки за заобиколување и енкрипција (шифрирање). ОНО нé предупредува дека треба да знаеме што правиме кога користиме понапредни техники за приватност и обезбедува листа на најдобрите практики кои сите можат да ги воведат во секојдневната употреба на електронската пошта, мобилните телефони и онлајн услугите.

Следното видео е преглед на епизодата за безбедност на електронската пошта. Целата епизода може да се погледне тука.

Со повик до Global Voices Advocacy Access Denied Map, Водичот на ОНО за безбедно сурфање им кажува на луѓето како да останат безбедни кога сурфаат на интернет, особено кога отвараат сајтови кои можеби се блокирани. Следново видео е промотивното видео, а целосното видео е достапно на сајтот.

Може да дознаете повеќе за ОНО преку Фејсбук, Твитер (@onorobot) и да дознаете повеќе за онлајн безбедноста преку страницата на Тactical Tech.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.