- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Доминиканска Република: Известување за Доминиканска мода 08

Категории: Латинска Америка, Доминиканска Република, Уметност и култура

Забелешка на уредникот: Следниот текст е превод на една блог статија [1] напишана од Хуан Џуереро од доминиканскиот блог Duarte 101 [шпански] [2] и е објавен со дозвола.

Dominicana Moda или ДМ08 (Доминиканска мода) веќе започна и се чини дека многумина се заинтересирани да присуствуваат и/или да го следат настанот преку алтернативни медиуми. Ние истражувавме малку и ви претставуваме три оригинални блогови кои прикажуваат статија по статија, фотографија по фотографија и се друго поврзано со овој настан.

Фотографија од Фоникс Диаз [3] користена под Криејтив Комонс лиценца

Oxitocina Visual [шпански] [4]

Анабел Перез е фотограф која е многу заинтересирана за модата. Со помош на своите леќи таа прикажува детали кои традиционалните медиуми не ги гледаат. Само погледнете ги фотографиите [4] за кои ние сметаме дека се со врвен квалитет.

Diana and the City [шпански] [5]

Диана Суриел пишува во својот блог за случки од својот личен живот, но овојпат нејзиниот календар е исполнет со настани поврзани со Доминиканската мода. Доколку сакате да видите специфично модно шоу, проверете ја листата. Овде таа дава свое мислење за колекцијата на Карлос де Моја. [6]

Карлос де Моја е извонредно човечко суштество и тоа се одразува во неговите креации. Вчера, тој се надмина себеси со Анда Миранда, после патувањето низ целиот свет најпосле слета…и тоа како. Колекцијата беше н-е-в-е-р-о-ј-а-т-н-а, обемот и уметничката работа заслужуваат чиста десетка. Стилот беше пријатен во колекцијата која беше чисто есенска. Музиката од Вадир Гонзалез додаде своја арома: Анда Миранда, немој да гледаш на страна (реков јас) и јас сакав да станам и да танцувам. Вреди да се спомене дека роденденот на Карлиотс беше претходниот ден и крајното изненадување беше неговата роденденска торта.

La Vida en Dominicana Moda [шпански] [7]

Весникот  Listín Diario исто така ги искористи своите извори за да креира ексклузивен блог со кој обезбеди целосно покривање на  ДМ08. Ние имаме – и се надеваме дека и читателите исто така  – повисоки очекувања од тие што досега ги обезбедија медиумите. Тука додава малку блогирање во живо [8]:

Имаше значајно доцнење од повеќе од еден час и подоцна доцнење од половина час помеѓу две претстави, нешто за што – може да се расправа – се должеше на промена на гардеробата за 10 манекенки кои беа дел од шоуто на локалниот дизајнер. За време на следните неколку часа, ние ќе поставиме фотографии и коментари од денешното шоу. Во меѓувреме, активностите продолжуваат се додека не се затвори шоуто. Сeга има гала вечера и подоцна “Модната гужва“ ќе се префрли во просториите со базен.