Забелешка на уредникот: Следниот текст е превод на една блог статија напишана од Хуан Џуереро од доминиканскиот блог Duarte 101 [шпански] и е објавен со дозвола.
Dominicana Moda или ДМ08 (Доминиканска мода) веќе започна и се чини дека многумина се заинтересирани да присуствуваат и/или да го следат настанот преку алтернативни медиуми. Ние истражувавме малку и ви претставуваме три оригинални блогови кои прикажуваат статија по статија, фотографија по фотографија и се друго поврзано со овој настан.
Фотографија од Фоникс Диаз користена под Криејтив Комонс лиценца
Анабел Перез е фотограф која е многу заинтересирана за модата. Со помош на своите леќи таа прикажува детали кои традиционалните медиуми не ги гледаат. Само погледнете ги фотографиите за кои ние сметаме дека се со врвен квалитет.
Диана Суриел пишува во својот блог за случки од својот личен живот, но овојпат нејзиниот календар е исполнет со настани поврзани со Доминиканската мода. Доколку сакате да видите специфично модно шоу, проверете ја листата. Овде таа дава свое мислење за колекцијата на Карлос де Моја.
Карлос де Моја е извонредно човечко суштество и тоа се одразува во неговите креации. Вчера, тој се надмина себеси со Анда Миранда, после патувањето низ целиот свет најпосле слета…и тоа како. Колекцијата беше н-е-в-е-р-о-ј-а-т-н-а, обемот и уметничката работа заслужуваат чиста десетка. Стилот беше пријатен во колекцијата која беше чисто есенска. Музиката од Вадир Гонзалез додаде своја арома: Анда Миранда, немој да гледаш на страна (реков јас) и јас сакав да станам и да танцувам. Вреди да се спомене дека роденденот на Карлиотс беше претходниот ден и крајното изненадување беше неговата роденденска торта.
La Vida en Dominicana Moda [шпански]
Весникот Listín Diario исто така ги искористи своите извори за да креира ексклузивен блог со кој обезбеди целосно покривање на ДМ08. Ние имаме – и се надеваме дека и читателите исто така – повисоки очекувања од тие што досега ги обезбедија медиумите. Тука додава малку блогирање во живо:
Имаше значајно доцнење од повеќе од еден час и подоцна доцнење од половина час помеѓу две претстави, нешто за што – може да се расправа – се должеше на промена на гардеробата за 10 манекенки кои беа дел од шоуто на локалниот дизајнер. За време на следните неколку часа, ние ќе поставиме фотографии и коментари од денешното шоу. Во меѓувреме, активностите продолжуваат се додека не се затвори шоуто. Сeга има гала вечера и подоцна “Модната гужва“ ќе се префрли во просториите со базен.