- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Сомалија: Пиратството не е нешто што треба да се прославува

Категории: Источна Азија, Источна и Централна Европа, Супсахарска Африка, Јужна Кореја, Обединети Арапски Емирати, Сомалија, Тајланд, Украина, Војни и конфликти, Меѓународни односи, Туризам

Пиратски бродНекои луѓе можеби го поврзуваат пиратството со нешто поврзано со копирањето на заштитени материјали со авторски права или можеби со одамна завршениот стил на живеење кој треба да се слави на денот Зборувај како пират [1]. Во некои држави, сепак, пиратството и заштитата на отворено море е сериозен  и тековен проблем. Во видео клиповите во овој пост ќе видите за World Food Program [2] (Програма за храна во светот), која изнајмува телохранители да се грижат за нивните карго бродови кога тие пловат за Сомалија за да достават храна и за влогерите од Кореа и Обединетите Арапски Емирати кои зборуваат за пиратството во денешниот модерен свет.

Дописникот Руд Елмендорп за веб страницата Rocketboom [3], кој оди на едно патување со бродот на Програмата за храна во светот, ни прикажува [4] каква заштита е неопходна за да можат овие бродови  безбедно да дојдат до пристаниште:

На ЈуТјуб, влогерот од Обединетите Арапски Емирати mankind4ever [5] зборува за украински брод, кој пренесувал оружје на пат кон Кенија, и бил киднапиран на својата рута од страна на сомалиски пирати:

Влогерот Danismyuncle [6] во Јужна Кореа исто така зборува за неодамнешните киднапирања што сомалиските пирати ги извршија врз тајландски брод и како после плаќањето на откуп тие ги ослободиле своите заложници и тогаш отпловиле да извршуваат уште злосторства:

фотографија: Jolly Roger [7] од **spaceMonkey** [8]