Сомалија: Пиратството не е нешто што треба да се прославува

Пиратски бродНекои луѓе можеби го поврзуваат пиратството со нешто поврзано со копирањето на заштитени материјали со авторски права или можеби со одамна завршениот стил на живеење кој треба да се слави на денот Зборувај како пират. Во некои држави, сепак, пиратството и заштитата на отворено море е сериозен  и тековен проблем. Во видео клиповите во овој пост ќе видите за World Food Program (Програма за храна во светот), која изнајмува телохранители да се грижат за нивните карго бродови кога тие пловат за Сомалија за да достават храна и за влогерите од Кореа и Обединетите Арапски Емирати кои зборуваат за пиратството во денешниот модерен свет.

Дописникот Руд Елмендорп за веб страницата Rocketboom, кој оди на едно патување со бродот на Програмата за храна во светот, ни прикажува каква заштита е неопходна за да можат овие бродови  безбедно да дојдат до пристаниште:

На ЈуТјуб, влогерот од Обединетите Арапски Емирати mankind4ever зборува за украински брод, кој пренесувал оружје на пат кон Кенија, и бил киднапиран на својата рута од страна на сомалиски пирати:

Влогерот Danismyuncle во Јужна Кореа исто така зборува за неодамнешните киднапирања што сомалиските пирати ги извршија врз тајландски брод и како после плаќањето на откуп тие ги ослободиле своите заложници и тогаш отпловиле да извршуваат уште злосторства:

фотографија: Jolly Roger од **spaceMonkey**

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.