Казахстан: LiveJournal блокиран

На 7ми октомври, казахстанските корисници не можеа да пристапат до популарната социјална мрежа LiveJournal. Оваа веб страница е најпопуларна блогерска платформа во руската заедница на поранешните советските простори. Блогерите од соседниот Киргистан исто така беа делумно отсечени, оние чии ИСП (интернет сервис провајдери)  ги користат  уредите на КазахТелеком, монопол што го држи казахстанскиот државен Телеком. Казахстанските власти молчеа за оваа повеќе од една седмица и на 15ти октомври тие јавно одрекоа било каква вмешаност во филтрирањето на содржините [руски].

Во исто време, LiveJournal сè уште може да се пристапи од Казахстан само преку неколку независни провајдери како 2Day Telecom и Ducat. Убедливо најголем дел од корисниците се принудени да користат алтернативни, неконвенционални методи за да пристапат на LiveJournal услугите и да продолжат со блогирањето – меѓу овие начини се  mirror, mylj.ru и неколку онлајн алатки за прикривање на информации при сурфање (Anonymizer). Некои од нив го користат Tor. Корисниците – меѓу кои има многу новинари – успеаја да го привлечат вниманието на медиумите за овој проблем. Ројтерс и некои главни руски новински агенции известуваа за проблемот. Блогерите подготвија и поднесоа отворено писмо до менаџментот на СУП, московска компанија која раководи со LiveJournal.

Помеѓу причините за блокирањето се и можни технички проблеми, меѓутоа чисто технички проблеми нормално не траат толку долго време. Се зборува дека главната политичка причина зад падот на сервисот за блогирање е дневникот на Ракат Алијев, зетот на бившиот претседател, медиумски магнат и шеф на специјални сервиси. Тој повеќепати беше обвинет од страна на јавноста за многу работи што ги прави погрешно, но избегна казна се до минатата година, кога најпосле беше казнет за подготовка на напад, грабнување на луѓе и рекетирање  и осуден на 40 години затвор. Тој пребега во Виена, Австрија, и одвреме-навреме го користи интернетот за да остави компромитирачки материјали за владејачката елита.  И покрај тоа, главната веб страница, од каде се објавуваат статиите во неговиот LiveJournal, не е филтрирана.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.