Ветувањата на ИКТ за луѓето со хендикеп

„Можеби сум 100% слеп, но интернетот ми одзема 50% од мојот хендикеп“, Силатул Рахим Даман и рече на Синди Там од Nut Graph, независен новински сајт од Малезија.

За време на мојата непосредна посета на неговата канцеларија во Брикфилдс, Куала Лумпур, тој со леснотија разговараше на Skype со уште еден слеп пријател, кој присуствуваше  на конференција во Лос Анџелес. Кога тој отвора имејл, JAWS софтверот (софтвер за работење преку говор) инсталиран на неговиот Lenovo лаптоп, ја вчитува содржината во роботски глас, на кој тој изгледа многу навикнат. Кога му беше кажано дека Nut Graph работи на инкорпорирање на карактеристики на нивниот веб сајт за полесен пристап од страна на лицата со хендикеп, тој го посети веб сајтот за да дознае  колку е достапен на неговиот читач од екран и навигација на тастатурата и овозможи корисен фидбек. Рахим се потпира на интернетот за имејл, за да разговара со пријатели и контакти на Yahoo месинџер и Skype, што е многу поевтино од  телефонот, и за да дознае што се случува во остатокот од нацијата и светот. Тој истото така планира да направи и веб сајт за промоција на центарот за масажи на тело и релаксација на нозе, кој е воден од слепи лица, во Пенанг.

Светската организација за здравје проценува дека 600 милиони луѓе живеат со инвалидитет – од што произлегува дека секој десетти човек на планетата живее со некој хендикеп. Светската банка тврди дека три од четири лица со инвалидитет живеат во земјите во развој. Во секој дел од светот, сиромаштијата и хендикепот се често поврзани. На пример, повеќе од 18 проценти од возрасните луѓе со хендикеп во САД живеат под линијата на сиромаштија. Во Канада, стапката на невработеност кај лицата  кои живеат со некој хендикеп неодамна порасна до речиси 15%.

Затоа што технологијата и средствата за комуникација помогнаа да се намали физичката бариера, ИКТ обезбедува модел кој овозможува хендикепираните лица социјално и економски подобро да се интегрираат во нивните заедници, тврди Депак Батиа од Светската банка. Друго ветување на ИКТ е тоа што тие обезбедуваат пристап до знаењето, способноста да организира и поврзува. Можеби најважно, секторот за едукација полека се трансформира од технологијата, што овозможува поголем пристап до најразлични материјали за учење.

Човечкиот развој и употребата на ИКТ беа дискутирани во општи црти на неодамнешната конференција на Универзитетот  Харвард . На претстојната конференција ITU Telecom World 2009 која ќе се  одржи во Женева, Швајцарија, УНЕСКО ќе демонстрираат напредни ИКТ апликации за хендикепирани лица.

Јам Тв е автомобилски инженер од Малезија кој го изгуби својот вид мината година. На неговиот блог, My Blind sight, тој пишува за важноста на техничкиот напредок за помош на хендикепираните.

Малезија о Малезија… Брзиот технолошки напредок денеска, го смени и влијаеше на животот на многу луѓе меѓу кои и на хендикепираните. За слепите и за лицата со оштетен вид, медицинските научници и истражувачи, особено од запад, се возбудени околу големите можности што можат да бидат истражувани за да им се помогне на слепите лица да повратат некое ниво на видот. Важно да се создаде свест за спречување на губење на видот меѓу луѓето, но исто така подеднакво е важно да биде вршена повеќе истражувачка работа во помагање на оние кај кои веќе е предизвикано губењето на видот, поради разни медицински болести и причини. Добро е да се има модерна помош, и физички и ИКТ алатки, кои несомнено ќе ја зголемат независноста на оние кои се засегнати за нивниот секојдневен живот.

Уште неколку примери за соодветна технологија кои доаѓаат од блогот Јавни соништа на слеп ИКТ корисник.

Понекогаш соновите стануваат реалност, но тие прво мораат да бидат сонувани. Се надевам дека ќе  можам да најдам други активни сонувачи во ЕвропаЈас сонувам за целосно достапна и употреблива Википедија за сите. Јас работам на проект за пристапност на германската Википедија или поточно, на страницата за помош наменета за слепи корисници. Википедија е важен дел од информатичкото општество и треба да е подржувана:
http://www.epractice.eu/blog/154
Јас сонувам за независна и мулти-јазична Википедија за слепи со оптимизиран кориснички интерфејс за слепи читатели  и соработници:
http://blind.wikia.com/wiki/Blind_Wiki:About
Јас сонувам за достапен и прифатлив ИКТ мобилен уред за потребите на слепите лица. Во последните 8 месеци, имам напишано стотици директни мејлови и имам напишано многу блог коментари за да ги информирам донесувачите на одлуки во врска со оваа тема, но тоа е тешка, а понекогаш и демотивирачка работа:
http://blind.wikia.com/wiki/Open_Letter_Initiative

Листата продолжува.

Од САД, Wheel Chair Kamikaze ја објаснува важноста на алатките за препознавање на гласот кои му помагаат да пишува на компјутер и на блоговите.

Мултиплекс склерозата е крадец. Тој не прави разлика во својата кражба, ограбувајќи ги неговите жртви целосно и елементарно. Оваа болест од мене ги украде елементите кои некогаш беа темелите на мојот живот (мојата кариера, мојот социјален живот, очекувањата дека еден ден ќе научам да жонглирам) и работи кои во споредба со нешто изгледаат мали, како што е способноста да пишувам на компјутер. Откако во мојата десна рака нема сила и умешност за ништо, можам да пишувам само со едната рака. Никогаш не ни бев
толку добар во пишување на компјутер……

Кога мултиплекс склерозата ми ја одзеде силата во десната рака, направи пишувањето на компјутер, кое и онака ми беше тешко пишувајќи со два прста, да постане во кошмар бидејќи морав да пишувам само со еден. Мојата способност да комуницирам преку QWERTY беше практично елиминиран, што претставуваше голем хендикеп во ова време на интернет огласни табли, имејл и инстант пораки. Некој остроумен читател може да праша, како сум успеал да го напишам ова дрдорење на блогот?

Одговорот е во парче неверојатна технологија софтвер за препознавање на глас наречен „Dragon Naturallyspeaking“. Ова чудо ми дозволува едноставно да си ги искажувам мислите и истото да го видам магично транскрибирано на мојот екран. Тоа е како нешто излезено од филмовите со Хари Потер, но без лудите протестанти кои тврдат дека тоа го промовира Сатаната.

Без софтверот, јас ќе останев нем во светот на интернетот и наместо тоа ќе бев оставен да водам патетични говори со Мелвин, џиновско шамиче кое е мојот замислен пријател. Програмот целосно ме ослободи од пишувањето на тастатура, па дури и утре да бидам 100% здрав и понатаму ќе продолжам да ја користам.

Заедниците за глуви лица во земјите во развој се соочуваат со слични проблеми, пишува Лурд Питерсемоли. Еден од нив е немањето на програми, специјално дизајнирани за локалните јазици за глуви (знаковни јазици).

Во Венецуела на пример, иако во Уставот се наведува правото за јазичните малцинства (и заедницата на глувите на глобално ниво спаѓа во нив)  да добијат образование на нивниот мајчин јазик, во практика тоа скоро и не се оствари затоа што, од една страна, не постојат професионалци кои соодветно можат да се справат со два јазика одеднаш: шпански и венецуелски јазик за глуви, а од друга страна, не постојат наставни планови кои се прилагодени на потребите на глувите.

Како и да е Питерсемоли опишува како шест глуви учесници, учествуваат на  основната обука на ИТ од страна на Cisco Networking академијата во Мерида, Венецуела. Пројде толку добро, што Питерсемоли вели дека идејата треба да се пренесе и во странство.

Овој курс беше пресвртница во нашиот град, кој не само што им обезбеди основни алатки за нивниот индивидуален развој, туку создаде и механизам преку кој ќе се пренесува стекнатото знаење на други глуви луѓе во заедницата. За време на овој извештај, глуви студенти кои добија сертификат се многу посветени на проектот за пренесување на знаењето на другите глуви во заедницата и обуката за стекнување на потребните средства за пренесување на  основите на ИТ во заедницата е веќе закажана. Во овој последен чекор, потенцијалните идни проблеми со интерпретери ќе бидат надминати. Исто така, истражувачите од проектот за оштетување и комуницирање имаат испланирано работилница за употреба на гласовно синтезиски софтвер, која би се случила наредната недела. Накусо, ова искуство претставува пример за што служи човечкото вмрежување. Подобро од среќен крај, е одличен почеток.

Морен Де Ла Круз, кој блогира на Law and ICT известува за тоа колку се почесто луѓето кои живеат со хендикеп се запознаваат со технологија, овозможувајќи им полесно да го премостат дигиталниот јаз.

Моите пријатели Џеј и Рене се типични гикови, со една интересна разлика: тие сурфаат на интернет, ги користат компјутерите и имаат пристап до сите опции преку посебен текст во говор софтвер. Со нивните виртуелни вештини за пишување преку допир понекогаш и со исклучен монитор (тие немаат потреба од него) тие станаа одлични програмери и имаат експериментирано со веб дизајнирање и со адаптација на компатибилен софтвер со отворен код за употреба во програми кои го претвораат текстот во говор. Џеј е првиот тотално слеп дипломиран компјутерски научник на Филипините и работи од дома како создавач на веб содржини, а Рене сега подучува студенти со оштетен вид, како член од персоналот на ATRIEV (Адаптивна технологија за рехабилитација, интеграција и вработување на лица со оштетен вид). И двајцата имаат присуствувано и одржувано обуки и специјализирани курсеви за адаптивни технологии локално и во странство.

….Училиштата и компаниите често мислат дека мораат да купат скапа опрема или да направат опширни технички и логистички прилагодувања за лицата со хендикеп. Како што истакна слепиот архитект Џејми Силва, зградите и установите за јавен транспорт не ги ни исполнуваат основните правни услови, како што се да се обезбедат рампи за инвалидски колички или добивање на намалена цела за луѓето со хендикеп. Како и да е, технологијата постојано отвора нови врати за луѓе како моите кул и талентирани пријатели со оштетен вид. Јас несомнено се надевам дека дигиталната јаз може уште да се премостува, не само за економските послабите, туку дека ИКТ исто така може  да помогне да се срушат бариерите, предизвикани од физичките ограничувања.

Од ICTDev Dot Org блогот доаѓа приказна за Дипендра Маноча, софтверски програмер, кој создаде слободен софтвер за екранско читање за хинди и други јазици од југоисточна Азија.

Врз основа на помислата дека компјутерската технологија не е создадена само за богатите, Дипендра го промени начинот за читање и пишување за лицата што не можат да читаат на стандарден начин. Пристапната мултимедија е идеална за лицата со хендикеп како и за пошироката јавност за да се разменат информации и знаења насекаде низ светот. Технологијата сега се воведува и во Шри Ланка, Бангладеш, Пакистан и Непал, како и во Индија, која дава возбудлив предизвик за работа со 22 јазика, како и во големи географски и културни разлики. Дипендра е целосно посветен да продолжи да користи технологија како катализатор за да го поддржи глобалното споделување на човекови знаења во информатичкото општество и поради неговото фокусирање на поевтините технологии и технологиите со отворен код, неговата работа лесно може да се преработи.

За сите анегдоти и блог постови за улогата што ја игра ИКТ во обезбедување на повеќе пристап до технологијата за лицата со хендикеп, не успеав да најдам детални статистички податоци за пенетрација на ИКТ во ова глобална заедница. Учесниците на конференцијата во Харвард дебатираа за главната цел на приватните претпријатија, владите и меѓународните организации за поттикнувањето на развојот на ИКТ да оди по нагорна линија. Сепак ние сè уште не знаеме кој го развива ИКТ во ова поле или нивната ефикасност во зголемувањето на економскиот и човековиот развој за луѓето со хендикеп. Ако вие знаете. Ние би сакале да чуеме од вас.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.