Јужна Африка: Нова ера во борбата против СИДА?

Кон крајот на септември Барбара Хоган беше назначена за нов Министер за здравство од страна на привремениот претседател Кгалема Мотланте, на местото на контроверзната претходничка Манто Тшабалала-Мсиманг. СИДА активистите и многу Јужноафриканци се надеваат дека овој чекор ќе сигнализира промени во политиката на владата во однос на ХИВ/СИДА-та.

Хоган, ветеран анти-апартхејд активист  и долгогодишен член на АНЦ (Африкански Национален Конгрес), претходно беше претседател на одборот за финансиско портфолио. Откако стана министерка за здравство, таа го промени ставот на владата за ХИВ/СИДА-та и даде завет дека СИДА-та ќе им стане највисок приоритет. Ова предизвика возбудување кај многу Јужноафриканци, кои се надеваат дека Хоган ќе ја засили борбата на државата против ХИВ/СИДА-та превземајќи пристап за правење на политика која ќе биде повеќе заснована на научна основа. Во ова видео СИДА активистите го прославуваат назначувањето на Хоган.

Во минатото Хоган јавно го критикуваше ставот на претходниот претседател Табо Мбеки и политиката што се водеше за ХИВ/СИДА. Грубо околу 5.7 милиони луѓе во Јужна Африка живеат со ХИВ и 350,000 умреле од болеста минатата година (скоро 1000 мртви дневно). Тшабалала-Мсиманг исто така се обвинуваше за неадекватно реагирање на проблемот со ХИВ/СИДА-та во Јужна Африка. Претходниот министер промовираше цвекло, лук и друга храна како третман за ХИВ/СИДА, по што како резултат тој го доби прекарот „Др.Цвекло“ и беше обвинет за креирање забуна за анти-вирусните лекови.

Стивен, кој пишува на irreverence, го нарекува Тшабалала-Мсиманг национален срам, а Хоган еден зрак на надеж. Сиаран Паркер, пишувајќи на блогот Ciaran’s Peculier, ги елаборира неортодоксните погледи на Тшабалала-Мсиманг:

“Кгалема Монтланте, додека изразуваше желба да тежнее кон континуитет, се ослободи од некои од поконтроверзните министри на Мбеки. Главниот меѓу нив е министерот за здравство Др. Манто Тшабалала-Мсиманг, главен теоретичар зад политиката за одрекнување на СИДА-та од Мбеки. Владата на Мбеки одби да ја прифати улогата на ХИВ вирусот во ширењето на СИДАта и нивниот министер за здравство изјави дека анти-вирусните лекови, кои покажаа дека имаат некаков ефект во борбата против вирусот, биле прескапи…Медицинските специјалисти кои работат во здравствената служба и кои јавно покажаа несогласување со бизарните теории на министерот, беа прогонувани“.

Малку порано неделава, на отворањето на Меѓународната конференција „Вакцина за СИДА 2008“ во Кејптаун, Хоган јавно изјави дека ХИВ предизвикува СИДА и треба да се третира со конвенционална медицина.  Таа исто така рече дека владата се обврзува да ја зголеми програмата мајка-на-дете, терапија која ги заштитува ХИВ-позитивните бремени жени од пренесување на болеста на своето дете и дека е очајна потребата од соодветна ХИВ вакцина.

Научници, активисти и многу блогери покажаа олеснување и возбуда по обраќањето на Хоган. Халеј, кој блогира на  adventures as an ambassadorial scholar, вели:

“Многу луѓе со кои разговарам се изненадени од тоа што властите кои се избрани на демократски начин, во денешниот свет, одрекуваат такви идеи како…на пример … дека ХИВ предизвикува СИДА. Како и да е, тажно е што во Јужна Африка е таков случајот…но не повеќе пријатели мои, не повеќе”

Реј Хартли, пишувајќи на блогот The Times, South Africa, додава:

„Ние знаеме дека ХИВ предизвикува СИДА.“

Со овие зборови, министерката за здравство, Барбара Хоган, стави крај на една срамна декада на негирање на сидата, која ја чинеше Јужна Африка многу животи и ги присили оние со вирусот да живеат во сенка.”

Тешко е да се определи колку животи беа под влијание на претходните ХИВ/СИДА политики, но Кампањата за акција за третман (ТАЦ) вели дека преку 2 милиони Јужноафриканци умреле од СИДА за време на претседателствувањето на Мбеки и најмалку 300,000 смртни случаи ќе можеа да се избегнат доколку тој излезеше во пресрет на основните  уставни барања. Некои блогери велат дека рацете и на Мбеки и на Тшабалала-Мсиманг се извалкани со крв. Сонека Камухуза, блогирајќи на Things That Make You Go Mmmh!, го обвинува во главно Мбеки.

“Нивната [Мбеки и Тшабалала-Мсиманг] интелектуална апатија, кратковидост со цел и општа безгрижност одиграа опасна улога и помогнаа да се продолжи пандемијата. Присилувајќи на холистички пристапи, кои кога се користат поединечно не можат да бидат ефективен третман за вирусот, тие ја рушеа својата нација со нивното засилено и обединето незнаење. Сегашната проценка е дека Јужна Африка има нависока бројка на луѓе инфицирани со ХИВ. На некој начин, јас ја гледам раката на Мбеки над сето ова… Во земја богата со природни ресурси, тој го измами својот најважен ресурс, луѓето во за можноста да направи смел старт во борбата против СИДА.”

Многумина се надеваат дека Хоган ќе поправи дел од оваа штета. Една статија на peripheries истакнува дека многу луѓе очекуваат дека овој период на политички поддржуваното негирање на СИДА-та во Јужна Африка е завршен. Сепак, останатите остануваат претпазливи. БилиСи, коментирајќи во една статија на The Times, South Africa, вели:

“Барбара Хоган треба да искачи планина за да ја поправи скоро непоправливата штета на здравството  направена за време на надзорот од Манто. Компетентноста на персоналот, моралот и степените, како и мноштвото здравствени политики и закони, треба внимателно да се разгледаат. Како додаток, промовирањето на вуду медицината и деморализирањето на западната медицина се сега длабоко всадени во психата на нацијата. Ќе бидат потребни години на тешка, смела и вредна работа да не врати назад во еден здравствен систем кој ќе биде почитуван и ефективен. Ние само можеме да и посакаме на Барбара Хоган божја брзина. Таа ќе и биде потребна.”

Фотографија од  украси од Јужна Африка за камапањата за СИДА од mvcorks на Фликр.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.