Онлајн мрежните игри (multiplayer, mmorpg – масивни интернет мрежни игри во кои се игра и води фантазиски лик), како Секонд Лајф (Втор живот) и Ворлд Оф Воркрафт (Светот на Воениот Занает), привлекоа некаква автентична популарност со тоа колку претплатници имаат регистрирано и диспропорционално претеран публицитет од техно-утопистички блогери, следната-голема-работа за медија футуристите и професорите по социологија кои се претворија во компјутерски бубалици. Толку многу претеран публицитет што всушност професорот Клеј Ширки од Њујорк Универзитетот често се прашувал околу вистинската бројка на посетители кои се враќаат во Секонд Лајф како и нејзиниот потенцијал како влијателен простор за создавање заедници и користење едукативни алатки како што се развива интернетот.
Додека некои универзитетски професори, како Чарли Несон од Правниот факултет на Харвард, го истражувале потенцијалот на мрежните онлајн игрите во академски услови, други големи блогерски имиња како Џои Ито, Кори Докторов и ко-основачот на Глобал Воjсис Итан Зукерман, доста критички гледаа на природата на вистинската припадност на авторските права и потекло на содржините и како тие се складирани во игрите.
Додека предностите и негативностите на мрежните игри продолжуваат да се дебатираат помеѓу остри коментатори, добро познат чилеански автор, блогер и сенатор го изрази својот интерес во создавање еснаф (гилда-здружени луѓе со иста цел во една организација што ги обединува) во Ворлд Оф Воркрафт составен од мултидисциплинарни корисници од целиот свет.
Помеѓу северно-американските интернет обожаватели, Фернандо Флорес можеби е најпопуларен поради својата книга “Откривање Нови Светови: Претприемништво, демократско дејствување и култивација на солидарноста” (Disclosing New Worlds: Entrepreneurship, Democratic Action and the Cultivation of Solidarity), за пасус од кој настана “корпорациската филозофија” на Лудикорп (Ludicorp), оригиналните креатори на Фликер (Flicker) пред да биде продаден на Јаху (Yahoo). Но за Чилеанците, Флорес е политичка легенда чиј сопствен живот е огледало на предизвиците, турбуленциите и отпорноста на нивната земја. Тој беше министер за финансии под левата администрација на Салвадор Аленде (Salvador Allende), политички затвореник за време на диктатурата на Пиноче, претприемач за Силиконската Долина (Silicon Valley) во егзил и сега повторно политичар кој живее во Сантијаго, кој скоро беше пофален за повлекување од партија за демократија, постојано обвинета за скандали. Можете да дознаете повеќе за сенаторот/блогер во интервјуто на Росарио Лизана во два дела овде на Глобал војсис. За сега ве оставам со постот и предлогот на Сенаторот Флорес што се однесува на Ворлд Оф Воркрафт:
Последниве неколку недели ги поминав во играње на Ворлд Оф Воркрафт, една од најпопуларните онлајн мрежни игри (заедно со Секонд Лајф што веќе ја спомнавме [шпански] на овој блог).
“Ворлд оф Воркрафт” е креација на северно-американската компанија Близард што припаѓа на Универзал Вивенди и минатата недела изјавија дека оваа игра веќе надмина над осум милиони регистрирани корисници (прим. на прев. 10 милиони сега) (кои што плаќаат претплата за играта) низ целиот свет, но повеќето се во Соединетите Држави, Азија и Европа.
Целта на играта е да се заземе улога на виртуелна личност која мора да биде во интеракција со други такви личности (играчи) и се одвива во имагинарен свет. Идејата е да ја развиваме таа личност или лик во однос на нашите вкусови.
(Играчите) можат да припаѓаат на една од двете фракции на кои е поделена играта. Една е Алијанса каде што мора да се одбере раса на ликот ( елф ((прим. на прев. Ноќен елф)), џуџе, гном или човек) ((прим. на прев сега и Дранеи)). Другата фракција е Хорда, каде што расите за бирање се Таурен, Немртовец, Орк или Трол. ((прим. на прев. Сега и Крвав елф)).
Потоа играчот го одбира полот на ликот и класата на која што ликот ќе припаѓа, проследено со други специфични карактеристики како боја на кожа, фризура, изглед на лице и на крајот одбирањето на неговото или нејзиното име.
Потоа, откако ќе се поминат овие претходни чекори, ние сме внатре и можеме да почнеме со играње. Целта е да се надминат нивоа, поминувајќи низ различни зони со свои соодветни предизвици што постепено се зголемуваат во тешкотијата. Неискусниот играч почнува од ниво 1, што значи пред него е долга патека ако сака да ја надмине бариерата на 60 нивоа ((прим. на прев. сега 70 наскоро 80)). Во чекор со тоа како напредува, завршените мисии обезбедуваат не само искуство туку и предмети кои помагаат да преживее (оружја, храна, итн.), па што повисоко ново имаме тоа е потешко да се дојде до следнито ниво.
Понатаму, во оваа игра е овозможено да се тренира и да се стане вешт во одредени задачи, прво се учат таленти па вештини. На овој начин е можно поефикасно да се напредува.
Меѓутоа, еден од најатрактивните аспекти на Ворлд Оф Воркрафт е тоа што нуди опција да се надминуваат предизвици во група заедно со други играчи, кои играат истовремено со вас и другите, посебно за оние мисии со поголемо ниво на тешкотија.
Овој аспект е важен поради тоа што го поддржува учеството во тимот, така што разновидна, но кохезивна група може да биде многу корисна. Замислете дека работите заедно на предизвици со различни класи, секоја со свои посебни карактеристики, но сите работат заедно такашто негативностите на една класа можат да бидат зајакнати со силата на друга и обратно.
Ова е начинот на кој играта ве поканува да ја поминете нејзината географија и да барате други играчи за да формирате група, така што создравате “листа на контакти”. Во играта можете да комуницирате интерно, а дури да комуницирате и преку аудио.
Како што можете да видите Ворлд Оф Воркрафт ни нуди голем размер на содржини, каде играњето е еквивалентно на учење, социјализирање и менаџирање.
Од таа причина и за понатамошни истражувања во оваа област, размислувам за формирање на мултидисциплинарна група со луѓе од повеќе земји кои колективно ќе учествуваат во играта како лабараторија во која ќе можеме да анализираме одреден тип на сценарија од реалниот живот.
Ако е некој заинтересиран за играва, ги чекам вашите коментари.
За сега, го барам вашето трпение затоа што со овој проект ќе продолжам во март. “
Епа што мислите? Дали е Ворлд оф Воркрафт добар начин да се направи учењето повторно забавно? Дали ќе го промовира правењето тимови и соработка во училиштата или само ќе ги сведе студентите на насилство и нездрав дух на натпреварување. Дали треба Сенаторот Флорес да ја одбере Ворлд оф Воркрафт, која што им наплаќа на корисниците или некоја помалку развиена, но бесплатна алтернатива како OpenCroquet? Еве ви шанса да влијаете на размислувањата на индивидуалец со политички капитал, кој ќе овозможи работите да се случат.