Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Оплакување на хероите од битката кај Масперо

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Египет 2011.

Египќаните се собраа по насилниот напад кај државната телевизиска зграда Масперо, изрежиран за да се изманипулираат муслиманите против христијаните и обратно. Судирите меѓу демонстрантите и воената полиција за време на коптските демонстрации со цел да се добијат одговори за спалувањето на црквите во Сохаг и Асван резултираше со околу 25 мртви и 200 повредени.

Она што беше заговарано како секташки вандализам и завера против единството на Египќаните, испадна обединувачка сила и бетонски ѕид да се докаже дека тоа што се случи вечерта на Црна Недела во Египет беше повеќе судир Гувернер против Народ отколку судир меѓу христијани против муслимани.

Покрај фактот дека постојат луѓе кои сеуште го фаворизираат секташтвото и веруваат дека армијата е света и не може да згреши, многу нетизени се согласија дека она што се случи кај Масперо беше масакр и напад на сите Египќани.

Египетскиот блогер Махмуд Салем објави на Твитер:

@Sandmonkey: Јас треба да сум првиот кој ќе рече, не велете дека армијата ги уби христијаните. Речете дека армијата ги уби Египќаните. Нема повеќе подгрупи. #maspero

Што се однесува до првите впечатоци на Лобна Дарвиш за протестот, демонстрацијата беше мирна, со голем број присутни муслимани од солидарност:

”القسيس المتحدث بيأكد ان المسيرة سلمية و بيحيي المسلمين المتضامنين.”
Отецот кој го води маршот потврдува дека е мирен и ги поздравува муслиманите кои се придружија во солидарност

Маршот стигна на неговата дестинација откако се избори со неколку судири попат, и се претвори во седенка како што беше известено од Адам Макари:

@adamakary: илјадници копти #Copts наводно седат пред @ #Maspero додека оние кои ги запалија спорните цркви во #Sohag и #Aswan не бидат изведени пред правдата

Потоа, се ослободи хаосот; мирната сцена постана крвава:

Image from blog.notesfromtheunderground.net

Фотографија од blog.notesfromtheunderground.net

Сцената каде оклопни возила напаѓаат цивили на улиците ги потсети Египќаните на лошата сцена на почетокот на Египетската револуција кога на 28 јануари дипломатски возила ги прегазија луѓето.

Ахмен Моунир, сведок, потврдува:

فجأة وبدون مقدمات دخلت المدرعات في مشهد قريب من مشهد يوم الغضب 28 يناير ودهست اعداد كبيرة
واللي مش مصدق يشوف الفيديو دة
Одеднаш, во сцена блиска до Петок на бес, наоколу дојдоа оклопни возила и прегазија многу луѓе. Оние кои не ми веруваат, проверете ја оваа снимка

Моунир ја објави следната снимка на Јутјуб, која покажува како оклопни возила се обидуваат да прегазат преку демонстрантите:

Да се додаде масло на огнот, египетската државна телевизија одигра срамна улога во распламтување на бесот обвинувајќи ги Коптите дека ја нападнале војската.

Махмуд Салем ја разоткрива измамата. Тој твитна:

@Sandmonkey: Озлогласената снимка од Раша Магед каде таа лаже и ја наведува јавноста против христијаните http://www.youtube.com/watch?v=E7m08JJdxao #maspero #egypt

Математиката по крвавата ноќ на хорор беше крвава ожалостена земја, повеќе од 20 мртви и над 200 повредени.

Во понеделник наутро, адвокатот Кхалид Али ја доби исцрпувачката битка во канцеларијата на главниот обвинител, за да добие дозволи за аутопсија со цел да се осигура дека пролеаната крв нема да биде залудна.

Резултатот не беше изненадување.

@MHassan: Од 17 аутопсии; 10 мина беа прегазени под возило. еден имаше исеченица од сабја, а другите беа убиени од тешки истрели

Bullets were shown by relatives of the victims of the October 9 massacre. Photo taken from Arabist Blogpost.

Куршумите беа прикажани од роднините на жртвите од масакрот на 9 октомври. Фотографија земена од објавата на блог на Арабист.

Додека се спроведуваше аутопсијата, луѓето се подготвуваа внатре и надвор од катедралата Абасеја за обавување на погребот каде ќе се оддаде почит на душите на мачениците. Погребот докажа дека Египќаните, и муслимани и христијани, се свесни за заверата да се создаде продор помеѓу нив. И покрај молитвите, катедралата одекна со пеења против военото владеење.

По поворката, маршот се упати од катедралата кон плоштадот Тахрир за да му оддаде почит на активистот Мина Даниел кој пред да почине во амбулантното возило, побара неговиот погреб да оди кон плоштадот Тахрир во Каиро, епицентарот на Египетската револуција.

Кхалед Али ја забележа мајката на Мина како си зборува со себе и својот починат син:

متخفش أنا قوية وفرحانه عشان انت فرحان كنت عايز تموت شهيد عشان مصر وبقيت شهيد
@Khaledali251: Немој да се грижиш, јас сум силна и среќна бидејќи и ти си. Сакаше да умреш како маченик за Египет и го направи тоа

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Египет 2011.

Понатамошно читање:  

Египет: Смртоносна операција на коптските протести од грчкиот блогер и автор за Глобал Воисес, Астерис Масурас.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.