- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Контроверзии околу изборот на учесници на ТЕД икс Скопје

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Протест, Технологија, Уметност и култура

Многу твитерџии [1] искажаа незадоволство од првичниот избор на учесници на ТЕД икс Скопје [2], кој според правилата на лиценцата [3] (англиски) е ограничен на 100 лица. Со цел да ја структурираат дебатата, волонтерите кои го организираат настанот се согласија да направат групно интервју [4] преку Пинг.мк во стилот на Аск Редит [5] (анг.).