Тајланд: Премиерката го откажа нејзиниот профил на Твитер

Премиерката на Тајланд, Јинглук Шинаватра, престана да објавува на Твитер откако нејзиниот Твитер профил @PouYingluck беше хакнат пред неколку дена. Хакерот успеа да ја објави следната порака користејќи го профилот на премиерката:

Не можеш да го заштитиш ниту твојот профил на Твитер. Како можеш да ја заштитиш земјата? Помисли на моите браќа и сестри.

Оваа земја е бизнис кој го водиме за нашите пријатели, а не за Тајландскиот народ. Им служиме на нашите поддржувачи, а не на нашите противници.

Дали сиромашните имаат шанса? Ги експлоатираме сиромашните надевајќи се на нивните гласови да не поддржат да ја ограбуваме земјата.

Дали е време нашата земја да се промени кон подобро, а не да проектира слика за помагање на бизнисите, монополите и поврзаните со нив?

Образованието е најважно за земјата. Но, зошто има политика за слободна дистрибуција на графички табли наместо наставна програма или зголемување на платите на наставниците?

Хакерот призна дека Јинглук не ги објавила тие твитови:

Ве молам бидете информирани дека хакер пристапи до профилот и ниту една од пораките не е објавена од премиерката Јинглук.

Twitter messages posted by the hacker. Translation by Saksith Saiyasombut

Пораки на Твитер објавени од хакерот. Превод од Саксит Саијасомбут

Јинглук е првата жена премиерка на Тајланд. Таа е најмладата сестра на поранешниот премиер Тхаксин кој беше променет со државниот удар во 2006 година. Тхаксин беше во прогонство се додека не беше осуден по обвиненијата за грабеж.

Саксит Саијасомбут верува дека хакерот издал некои траги во врска со неговиот род:

Во овој момент ништо не е познато за луѓето позади овие пораки освен фактот дека последниот збор во последната објава е честичката за учтивост ครับ (“khrap”), што открива дека хакерот е машко.

Тајландскиот разузнавачки центар за проучување на вести смета дека хакерот е ултра националист:

Хакерот се чини дека е „Ултра-националист“ врз основа на следната порака која ја објави на Твитер на профилот на Јинглук.

Хакерот исто така ги нападна принципите на модерниот бизнис и економија

Ултра-националиситчките тајланѓани се сегмент од популацијата во Тајланд која ја отфрла глобализацијата и прогресивниот развој, и преферира изолација и развој ориентиран кон доволност.

Сутичаи Јун извествуа за првичните реакции на нетизените:

Вау! некоја реална само-критика од премиерката? Почетни изјави за пронаоѓање на душата? Неколку од забелешките на профилот беа за тоа како оваа влада погрешно се справува со проблемите во земјата.

Бргу, Твитер светот беше разбрануван со прашањето: „Дали Твитер профилот на премиерката е хакнат?“ или „Чудни работи се случуваат на профилот на премиерката на Твитер“ и прашања во таа насока.

За половина час, „тимот на премиерката“ објави итна порака, прогласувајќи дека профилот на премиерката на Твитер е хакнат и дека некои од пораките објавени ова утро се лажни

Еве некои коментари на Твитер од Банкок:

@kaybic: Премиерката Јинглук не е своја утрово – нејзиниот профил на Твитер е хакнат!

@TAN_Network: Министерот за информациски и комуникациски технологии, Ануди, вели дека профилот на премиерката на Твитер е хакнат од некој во Тајланд, но одбива да открие повеќе информации; ги предупреди министрите да внимаваат

@sunaibkk: Твитер профилот на премиерката Јинглук беше хакнат и исполнет со критички коментари за владината политика.

@Hooba_kwan: Твитер профилот на тајландската премиерка беше хакнат. Срам да ви е, ИКТ.

@nutrahat: Не само што профилот на Твитер на тајландската премиерка е хакнат, нејзиниот мозок исто така (од страна на нејзиниот брат) и тоа одамна, ура за Тајланд

@IbbyEve: Твитер профилот на тајландската премиерка е хакнат хахаха многу смешно. Како и да е, хакнат или не, пак е истиот, полн со глупости!

@sathornstreet: Го имам одговорот… хакнат е профилот на Твитер! Со голем број вработени @PouYingluck сеуште неможе да менаџира со сопствениот профил на Твитер.

@juliechungfso: Печатот известува дека, по инцидентите со министерот за финансии & министерот за надворешни работи кои се случија овој месец, профилот на Јинглук на Твитер е хакнат. Време за сите да ја испитаат кибер сигурноста

@ppearxoxo: Тотално сум вљубен во личноста која го хакна профилот на Јинглук на Твитер!

@Pie_Eip: Братот кој го хакна профилот на Твитер на премиерката на Тајланд. Сметам дека тој е кул 😉

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.