Јемен: Салех се повлекува? Мали се шансите!

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Јемен 2011.

По неколку месеци протестирање против неговото 33 годишно правило, Али Абдула Салех, претседателот на Јемен, во говорот пред Претставничкиот дом и Шура советот, кој се емитуваше на државната телевизија во саботата, 8 октомври, рече дека ќе се повлече во наредните неколку дена. Тој рече: „Ја одбивам моќта и ќе продолжам да ја одбивам, ќе се повлечам од власта во наредните денови.“

Многумина сепак, го видоа ова како нова манипулација, чекор во очекување на извештајот на дипломатскиот претставник на Обединетите Нации во Јемен, господин Џамал Бен Омар, кој ќе го предаде до Безбедносниот совет на ОН во вторник.

A Carlos Lattuf cartoon

Цртеж на Карлос Латуф

Салех, повеќе од еднаш, рече дека ќе се повлече и ќе ја потпише иницијативата на Советот за соработка во Заливот, а многу Јеменци го отфрлија второто. Тој изгуби кредибилитет и тоа не само помеѓу Јеменците.

Многу популарна снимка која пренесува што многу Јеменци мислат за Салех, беше објавена на Твитер во мај од страна на хонорарен новинар базиран во Сана @adammbaron, по неговиот говор :

поради неодамнешните говори, најверојатно е вредно да се воскресне овој бисер… http://www.youtube.com/watch?v=klxvHEKzqQM #katyperry #saleh #yemen

Еве ги повеќето реакции на Твитер.

@samwaddah: Во неговиот говор, #Saleh звучеше како глупав, лажливец, лицемер, прост & измамник. Со други зборови, тој бил искрен! #Yemen #SalehBlaBla

@Yemen4Change: Искрено не знам што „во наредните денови“ значи! #Saleh #Yemen

@KhaledHammadi, јеменски новинар, објави на Твитер за говорот:

#Yemen демонстрантите никогаш не обраќаат внимание да го притиснат #Saleh за говорот, кој ветуваше дека ќе ја напушти власта за неколку дена, бидејќи веруваат дека е само нова манипулација

И @SummerNasser рече:

За ваша информација: #Saleh вети дека ќе се „повлече“ три пати пред вчерашниот говор. Еднаш лажго, секогаш лажго. #Yemen #Supportyemen

Египетскиот новинар @RawyaRageh додаде:

Неверојатно е колку пати Али Абдула #Saleh вети дека ќе се повлече. Сериозно. #Yemen

Многу нетизени рекоа дека говорот на Салех и конкретниот избор на зборови со кои вели дека „ќе се повлече во наредните денови“ беа патетичен обид да се украде вниманието и медиумското покривање во кое уживаше лауреатот за Нобелова награда за мир, Tawakkol Karman.

@Dima_Khatib, добро познат новинар и голем поддржувач на Арапската пролет и Јемен, објави на Твитер:

Кога диктатор ќе стане љубоморен на 32 годишна револуционерка, храбра чесна мајка на 3 деца… Очекувајте сешто! #YallaSaleh #YEMEN

@tota770 објави на Твитер:

Не му верувам на #Saleh, тој е лажго, сака само да привлече внимание бидејќи вчера бил љубоморен на #Tawakul која доби #Nobel награда 😛

Реакцијата на г-ѓа Карман за неговиот говор, која рефлектираше како се чувствуваат демонстрантите, беше објавена на Твитер од @NasserMaweri:

#TawakulKarman : Сакам да му кажам на #Saleh, оваа револуција победува и ќе победи, Јемен секогаш ќе биде слободен како што отсекогаш бил. #Yemen

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Јемен 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.