Денот за блогерска акција е годишен настан кој ги обединува светските блогери за објавување на истата тема во истиот ден. Целта е да се подигне свесноста и да се поттикне глобална дискусија околу важно прашање кое не засега сите нас.
На Глобал Воисес, ги покривавме минатите Денови за блогерска акција и помогнавме да се споделат приказни за водата во 2010 година и климатските промени во 2009 година. Оваа година темата е храна, бидејќи Денот за блогерска акција се поклопува со Светскиот ден на храната, настан организиран од страна на Организацијата за храна и аграр.
Авторите на Глобал Воисес веќе имаат напишано многу за храната. Неодамна, специјалната репортажа за Милениумските цели за развој во 2011 на Обединетите Нации вклучи серија објави за борбата за прекин на гладувањето и олеснување на сиромаштијата. Нашата заедница, исто така, имаше задача да создаде серија објави за несигурноста за храната со Пулицеровиот центар за кризно известување. Нашите извештаи се базираат на граѓанските медиуми и се вклучени во Пулицеровата порта кон несигурноста за храната.
На веб-сајтот на Ден за блогерска акција има отворена покана до секој кој има блог. Тука може да најдете список со предложени теми; некои од нив го вклучуваат гладувањето во Источна Африка, глад и сиромаштија, неухранетост и конфликти околу храна.
Но, доколку преферирате да не бидете толку сериозни на Денот за блогерска акција, исто така може да пишувате за вашите омилени јадења, органска храна или вегетаријанство. Има многу што да се каже за храната и темата се расчленува на многу различни прилики и прашања:
Ја користиме храната за обележување на време за прослава и тага. Немањето пристап до храна предизвикува уништувачки глад, додека премногу храна предизвикува генерација на нови здравствени проблеми. Може да чини премногу, или да биде преефтина за земјоделците да можат да преживеат.
Начинот на кој ние компаниите произведуваме храна и пијалаци може да обезбеди важни работни места за заедниците или да биде целосно деструктивен за населението и локалните производители на храна. Храната може да ни даде сила преку целиот ден или да содржи состојки кои ни предизвикуваат алергиски реакции.
Храната може да биде зготвена од високо обучени готвачи со инвентивни идеи, или масовно произведена и испорачана со огромна брзина. Може да биде неверојатно здрава или целосно ѓубре и лоша за вашето здравје. Може да биде вкусна или да биде само локален деликатес.
Храната е важна за нашата култура, идентитет и дневна прехрана, а тимот од Блогерска акција ве поканува да ни се придружите да зборуваме за храна.
Доколку сте заинтересирани, прочитајте повеќе околу храната од перспектива на заедницата на Глобал Воисес.
И запаметете, 16 октомври е времето да блогирате за храна, без разлика дали сакате да пишувате за комплексни прашања кои вклучуваат храна или само да им раскажете на вашите пријатели за вашите омилени јадења. Може да се придружите на оваа онлајн размена и да помогнете да се подигне свеста за темата.
Пријавете се на Ден за блогерска акција со пополнување на овој формулар, и не заборавајте да го следите @BlogActionDay11 на Твитер.
2 коментари
уште еден текст: !colorful portal: .среќен Blog Action Day & World Food Day [#bad11] http://bit.ly/nDtzgg #FOOD #participate #WorldFoodDay @blogactionday11