Доминиканската Република: Уставот забранува абортус во сите случаи

По една интензивна дебата во која учествуваа доктори, социолози, претставници на католичката црква, меѓународни здравствени организации и политичари, законодавците од Доминиканската Република ратификуваа член од уставната реформа со кој жените немаат право да ја прекинат својата бременост под никој случај.

Оваа одлука за која многумина велат дека е донесена под големо влијание на католичката црква и на конгресните избори, ја сместува Доминиканската Република во малата група на држави во кои абортусот е уставно забранет, дури и во случаите кога животот на фетусот или на мајката е загрозен заради бременоста. Жените кои биле жртви на инцест или силување исто така не смеат да абортираат.

Транспаренти против абортус поставени пред катедралата во Санто Доминго. Слика од Duarte 101, искористена со дозвола

Транспаренти против абортус поставени пред катедралата во Санто Доминго. Слика од Duarte 101, искористена со дозвола

Според споменатиот член (денес познат како член 3): „правото на живот е неотуѓиво од зачнување до смрт. Смртната казна не може да биде одредена, одлучена или применета во никој случај.“

Протестите не престануваат уште од прелиминарното одобрување во април. Социологот Розарио Еспинал пишува дека сега ќе им се одземе можноста за здрав и достоинствен живот на жените, додавајќи дека докторите кои извршуваат незаконски абортуси ќе наплаќаат повеќе заради поголемиот ризик.

Многумина веруваат дека со оваа одлука ќе се зголеми бројот на незаконски абортуси како и стапката на смртност на жените. Сепак, начинот на кој членот беше одобрен исто така претставува тема за разговор за многу блогери.

Луис Жозе Лопез од Ahí e’ que Prende истакнува дека членот 30 е најконтроверзниот член од уставната реформа за кој се дебатира и вели дека дури и организацијата за човекови права Amnesty International е против оваа одлука. Според Лопез, дефиницијата за човечки живот заслужува длабока и искрена дебата во која сите засегнати страни ќе учествуваат, а тоа не беше случајот во Доминиканската Република:

El tema del aborto es un tabú en RD demasiado influenciado por las iglesias y las religiones. Mencionar la palabra es inclusive mal visto por muchos. Quienes se atreven a cuestionar el status quo, quienes se atreven a decir: “detengámonos a pensar” son inmediatamente censurados y condenados por el debate público.

Прашањето за абортус е табу во Доминиканската Република и е под голема влијание на црквите и религиите. Многумина се лутат дури и при самото споменување на зборот. Оние што ќе се осмелат да го стават под прашање, оние што ќе се осмелат да речат „дајте да застанеме малку и да размислиме“ веднаш се цензурирани и осудени од јавната дебата.

Речиси 89% од населението се католици, така што црквата има големо влијание во сите аспекти на општеството. Сепак, покрај оваа силна вера, има одредени блогери, како што е на пример Жозе Рафаел Соса, кои не се согласуваат дека оваа лична одлука треба да биде одредена од Уставот:

Respeto mi Iglesia pero ello no me impide analizar el dificil tema con mi optica. El espacio legal para enfrentar lo que se llama “Aborto Criminal”, no es la Constitución. Nadie en su sano juicio, puede apoyar que se aborte una criatura ya formada, genéticamente hablando, siempre que el embarazo sea producto de una decisión de la madre, no de una violación o que intervengan otras circunstancias clínicas. En primer lugar, el tema debió haber sido decididopor quienes traen hijos al mundo, no por puros hombres buscando votos de fe. En segundo lugar, no se buscaba consagrar constitucionalmente el derecho caprichoso a abortar. El aborto es una realidad social que no se gobierna con la dinámica de aprobación de leyes o artículos constitucionales. El aborto es una realidad social que ahora provocará un aumento de la mortalidad de las mujeres que tambien tienen una vida que ser preservada. Los culpables acaban de votar publicamente por esa posibilidad. Y eso es un crimen.

Јас си ја сакам црквата, но тоа не ме спречува да ја анализирам оваа тешка тема од моја гледна точка. Уставот не е правилниот законски начин за да се справиме со тоа што се нарекува „криминален абортус“. Никој со здрав разум не би одобрувал абортус на генетски веќе развиено дете доколку бременоста е резултат на лична одлука на мајката, а не на силување или пак некои други клинички околности. Како прво, прашањето треба да биде одлучено од оние коишто ги носат децата на овој свет, а не од мажи кои бркаат гласови од верниците. Понатаму, никој не побара уставот да го даде каприциозното право на абортус. Абортусот е општествена реалност која не е водена од динамиката на одобрување на уставни членови или закони. Абортусот е општествена реалност која ќе доведе сега до зголемување на смртноста на жените коишто имаат исто така живот што треба да се заштити. Виновните страни јавно гласаа за оваа можност. А тоа е злосторство.

Конечно, некои блогери мислат дека законодавците ја донеле одлуката врз основа на нивните политички интереси. Така, Марија Изабел Солдевила смета дека Конгресот „му има свртено грб на народот“. Марија де Жезус, читател на Diario Libre, опишува на кратко колку ја смета оваа одлука за невкусна:

Sarta de hipocritas y a los que se creen que se votó por la vida, cuando una mujer tiene que abortar porque su vida esta en peligro y no lo hace SE MUEREN LA MUJER Y EL FETO! Balsa de ignorantes! La muerte va a tener un dos por uno en Republica Dominicana. Que vergüenza ser dominicana de ahora en adelante.

Каква дволичност! Сите што мислат дека гласале за живот, не се во право. Кога некоја жена која треба да абортира бидејќи нејзиниот живот е во опасност нема да го направи тоа, ЖЕНАТА И ФЕТУСОТ ЌЕ УМРАТ. Какво незнаење! Сега двајца ќе умираат за еден во Доминиканската Република. Колку е срамно да си Доминиканец после ова.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.