Источен Тимор: „Среќен ден“ за гласањето за слобода

Блогерите од Источен Тимор ја славеа десетгодишнината од јавниот референдум со кој земјата се здоби со формална независност. Alf@ Montenegro пишува:

Ohin loron , loron ALEGRIA nian ba timor oan hotu. iha loron ida ne'e ita sei hanoin fila fali tinan sanulu liuba (30 de Agosto de 1999) nebe ita hotu decidi atu liberta ita nia nação husi ocupação indonésio. ALEGRIA nebe ita hetan iha tinan 10 liu ba ne ALEGRIA ida BOOT tebes ba ita timor oan hotu(mas iha 21,5%triste). Ita hotu expressa ita nia alegria ida ne liu husi haklalak, hakilar, hananu e tanis. Mesmo too agora ALEGRIA ida ne ita sei sente nafatin maibe, durante tinan 10 nia laran ne susar no terus sedauk sés husi ita (caso boot liu mak iha tinan 2006). Ema barak (balun husi rai leur) hare ba caso 2006 ho 2008 (11 de fevereiro) dehan katak “ESTADO FALHADO” maibe sira nia teoria ida ne sala boot.

Денес е СРЕЌЕН ден за сите Тиморци. Денес се сеќаваме дека пред десет години (30 август, 1999 година) сите одлучивме да ја ослободиме нашата земја од индонезиска окупација. СРЕЌА. Сите Тиморци почувствуваа ОГРОМНА СРЕЌА пред десет години (но има и 21,5 % кои беа тажни). Сите ја изразивме нашата среќа, викајќи и плачејќи. Дури и денес, ние сè уште ја чувствуваме таа среќа, иако страдањата и тешкотиите што ги доживеавме последниве 10 години сè уште не нè имаат напуштено (добар пример за ова е настанот од 2006 година). Многу луѓе (меѓу кои има и странци) гледајќи ги случаите од 2006 и 2008 (11 февруари), велат дека ние сме „ПРОПАДНАТА ДРЖАВА“, но оваа теорија е многу погрешна.
Слика од Расти Стјуард

Слика од Расти Стјуард

Aquarius Vinte Três пишува дека за него работите почнале во моментот кога индонезискиот претседател Б. Џ. Хабиби го предложил јавниот референдум:

Lia fuan ” MATE ka MORIS DUNI BAPA SAI” mosu ho Espontánia iha tinan 1999 baihira Prezidente Indonésia B.J.Habibie hasai opsaun rua maka hanesan: Simu autonomia no Rejeita Autonomia (dua opsi:Menerima Otonomi dan menolak otonomi) iha loron 27 Janeiru 1999. Durante manifestasaun pro-independénsia ruma iha Dili laran, joven sira uza liafuan ida-ne’e ” MATE ka MORIS DUNI BAPA SAI”, hodi hamánas liutan ita-nia espíritu nasionalizmu to'o didi'ak ‘Konsulta Popular’ iha fulan agostu ‘99.

Зборовите „Мртви или живи, избркајте ги Бапак (Индонезијците)“ почнаа спонтано да се слушаат кога претседателот Б.Џ. Хабиби излезе на 27 јануари, 1999 година со овие две опции: да ја прифатиме или отфрлиме автономијата. За време на славењето за поддршка на независноста во Дили, младите ги користеа овие зборови „Мртви или живи, избркајте ги Бапак (Индонезијците)“, за да ги подгреат националистичките духови и да ги подобрат резултатите на „Консултацијата со народот“ во август, 1999 година.
Слика од Расти Стјуард

Слика од Расти Стјуард

Други ја искористија можноста за да се пожалат за недостатокот на обединетост и визија кај Тиморците. Така, Абел Пирес де Силва пишува на блогот RENETIL:

Fulan Agostu iha tinan 10 liu ba, povu Timor maioria fiar metin katak Timor-Leste ukun rasik an sei diak liu fali Timor Leste ne’ebé hamutuk ho Indonezia. Iha tempu rezisténsia, ita iha inimigu KOMUN, ne’ebé halo ita hamutuk kumu liman kontra inimigu ne’e. Iha tempu ukun rasik an, ita lakon inimigu komun ne’ebé halo ita hamutuk nu’udar forsa nasaun. Hanesan konsekuensia husi situasaun ne’e, entidade barak iha nasaun Timor-Leste ida-idak hakarak buka atu hetan sira nia interese rasik. Grupu barak mak komesa reklama sira nia “kontribuisaun” no ezizi estadu atu “tau matan”. Moras ezizi estadu atu “tau matan” ne’e mos kontinua akontese

Пред 10 години, во август, најголемиот дел од Источнотиморците силно веруваа дека подобро е Источен Тимор да е независен отколку да е со Индонезија. За време на отпорот, ние имавме ЗАЕДНИЧКИ непријател кој нè натера да се држиме за раце. За време на независноста, ние го изгубивме заедничкиот непријател кој не држеше заедно во една силна нација. Така, многу поединци во Источен Тимор почнаа да си ги бркаат своите лични интереси. Многу групи почнаа да го истакнуваат нивниот „придонес“ и бараа државата да ги „згрижи“.

Од една друга и посветла страна, бендот Outravez, составен од тиморски студенти во Индонезија, гордо го изјави излегувањето на новиот албум којшто содржи песна посветена на денот на референдумот што ќе ја отсвират на денешниот концерт пред палатата на владата во Дили.

Коментарот на Twitter оставен од CJITL – Centru Jornalista Investigativu Timor Leste (Истражувачкиот новинарски центар на Источен Тимор) најдобро ја пренесе атмосферата на концертот и расположението пред палатата. Главната атракција беше очигледно индонезиската поп ѕвезда, Крисдајанти. Еве еден цитиран дел од Twitter на коментарот оставен од Gil @CJITL:

9:11 AM Aug 30th: populasaun kuaze nain rihun sanulu halibur an ohin kalan iha palacio governu, iha konsertu bo'ot n'e

Собрани се околу десет илјади луѓе пред владината палата за овој голем концерт

9:16 AM Aug 30th: Bonoite dili, ida ne'e mak liafuan primeiru husi krisdayanti nia ibun bainhira kanta muzika Rai dili rai cidade

„Добра вечер Дили“ беа првите зборови на Крисдајанти пред да почне да ја пее песната „Rai dili rai cidade“

9:54 AM Aug 30th: tuir mai distritu 13 sei hato'o nia mensajen ho dialeitu idak idak nian..kris deskanca oitoann

Околу 13 области ќе додадат пораки на нивниот јазик… Крис ќе одмори малку

10:06 AM Aug 30th: Ramos Horta hateten”loron ohin ne'e importante tebes, ita tenki halo reflesaun ba sira ne'ebe mate hodi fo liberdade ba ita”

Рамос Хорта вели „Денес е важен ден кога треба да се потсетиме на оние кои загинаа за ние да бидеме слободни сега“.

Овој напис е трет од серијата на написи за одбележување на десетгодишнината од јавниот референдум во Источен Тимор. Во првиот напис ние ја истакнавме поддршката на меѓународната заедница за гласањето за слобода во Источен Тимор. Во вториот, ние го интервјуравме Абе Барето Соарес кој е еден од организаторите на настаните за славење на солидарноста коишто се одвиваа во Источен Тимор во август и септември 2009 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.