Акции за собирање средства за помош на загрозениот весник „Фокус“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) упати апел за солидарност со новинарите на „Фокус“ кои се подложени на тешка казна поради изгубениот судски случај за навреда и клевета. Уредникот и новинарот треба да платат скоро 9.000 евра на тужителот, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, за кого и апелацискиот суд пресуди дека претрпел душевна болка и нарушување на угледот.

ЗНМ смета дека пресудата е неправедна и е директно насочена против критичното новинарство, која е суштинска потреба за функционирањето на македонската демократија.

Колегите не се во можност да го исплатат надоместокот, затоа ЗНМ упатува повик за мобилизирање и солидаризирање на членството, новинарската заедница и јавноста во Македонија.

Сметаме дека нашата поддршка ќе придонесе да опстои слободната мисла и критика кон начинот на практицирање на власта во РМ.

Освен тоа, сметаме дека поддршката на новинарите и јавноста ќе биде директен придонес во зачувувањето на слободата и на изразувањето во Македонија. Затоа Ве повикуваме во рамките на вашите можности да уплатите на следната жиро-сметка:

ЗНМ Солидарен Фонд: 300000003296484
Комерцијална банка
Цел на дознака: Донација за новинарите на Фокус

Мијалков објави дека, откако „Фокус“ ќе ја исплати казната, средствата ќе ги донира во дом за деца без родители. Каде ќе завршат парите е ирелеванто за казнетите, бидејќи самата исплата го загрозува опстанокот на весникот и економската егзистенција на новинарите.

Други граѓански организации исто така повикаа на узбуна по објавата на пресудата. На пример, Националната мрежа против хомофобија и трансфобија на Македонија организираше настан за собирање на финансиски средства за солидаризирање со новинарите во скопската Стара чаршија на 14 октомври, со цел да им се помогне да ја платат казната, во која спаѓаат и обемните судски трошоци.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.