САД: Анти-исламскиот филм „Опсесија“ ги налути блогерите

Корица на филмот ОпсесијаМинатата недела многу претплатници на весници беа изненадени кога открија дека во нивниот неделен весник има вметнато ДВД. Видеото, кое може да се види во целост на ЈуТјуб, е наречено Опсесија: Радикална исламска војна против западот и ги споредува заканите од радикалниот исламизам со оние на нацистичка Германија пред Втората светска војна. Издавањето на ДВД-то беше темпирано за да се поклопи со изборите и беше скоро целосно дистрибуирано во неодлучените држави.

Скоро веднаш, весниците започнаа да добиваат поплаки за нивното вклучување на ДВД-то, кое беше финансирано од фондот Кларион, група која е создадена за ја победи „најитната закана од радикалниот изламизам“. Блогерите во САД и од странство го изразија својот бес и кон дистрибуцијата на ДВД-то и кон злосторството.

Јорданскиот блогер Али беше разбирливо навреден во тоа време:

Додека ние Арапите и Муслимани бевме зафатени мислејќи на храна за време на Рамазан и гледајќи ги Боб Ал Хара и Асмахан и останатите 120 серии на телевизија, овозможувајќи си го нашето наргиле после Ифтар, некоја мистериозна група или организација го испраќаше ова вознемирувачко ДВД. ДВД-то беше силен удар за исламот и муслиманите и ги предупредува Американците за можни терористички напади.

Јас го гледам ова како типична пропаганда за сеење страв, која секогаш го таргетира американскиот народ околу националните празници и годишнини за да го потсети дека тие необразовани, дивјаци убијци се сè уште таму некаде и се подготвени да нападнат.Дали може да ја замислите направената штета за муслиманите и Арапите и лабавата слика која ние ја имаме во западот и во САД?

Не сите Американци се добро информирани или патуваат често, па дури некои немаат ни запознаено муслиман. Затоа такви ДВДа со омраза ќе направат големо негативно влијание врз начинот на кој тие ги гледаат муслиманите и Средниот исток. Ова нема да биде тешко само за релацијата помеѓу Западот и Истокот, туку ќе биде тешко и за Американците со арапско потекло кои живеаат во Америка, кои може да бидат малтретирани или да бидат жртви на злосторства од омраза.

A Tale of Three Beans, исто така јордански блогер, одговора на постот на Али на нејзинот блог. Таа напиша:

Па, додека сум на темата за погрешно наведување и потполни лаги, сакам да се навратам на пост од Али. Знам дека тој мисли дека сум го пропуштила неговиот коментар, но ова е една од оние конверзации која бара многу размислување. Постот на Али беше за разделувањето на 28 милиони копии од „Опсесија“ на гласачите во неопределените држави во САД. Сега, пред многу време, научив да не коментирам нешто за што немам добро познавање. Затоа, го посетив ЈуТјуб и го гледав филмот. Поделено е на 10 шест-минутни сегменти. Сега ги склопив моите идеи и имам неколку мисли.

Таа потоа се задлабочи во некои од прашањата поврзани со видеото, откривајќи митови и поправајќи ги грешните преводи. Таа исто така наведе дека има неколку точни работи во ДВД-то и напиша:

Една фундаментална порака, која следбениците на Исламот ќе ја добијат, е дека Американците, просечните Американци, се плашат од вас. Не, не само од радикалните муслимани – од сите муслимани. Ова е нормално, природно. Ние скоро секогаш се плашиме од она што е различно. А вие изгледате различно. За жал, и немуслиманите и  оние слични на муслимани се вклучени во овие групи и се сметаат за различни. Наместо да се истакнуваат сличностите помеѓу Рамазан и Големиот пост, за да се помогне во поврзување на разбирливите разлики, пораката која се испраќа е дека христијаните нема да го разберат постењето (што кажува многу повеќе за недостаток од разбирањето на христијанството од било што друго). Исламот и христијанството можеби се разликуваат многу, но исто така имаат и сличности. Доколку можете да им помогнете на Американците да го сфатат тоа, така на сите ќе ни направите услуга. Секој од вас може да игра улога на амбасадор на вашата судбина.

На крај таа заклучува:

Реалноста за Американците е дека можеби ние не сме најсвесните луѓе на светот (но не сме ни најмалку свесните) , но сепак е земја со добри луѓе. Тие стануваат секое утро и појадуваат. Тие напорно работат за ги издржуваат своите фамилии. Тие ги сакаат своите деца и го сакаат најдоброто за нив. Колку повеќе работи се различни, толку повеќе тие се исти. Американците се исти како Јарданците. Тие се луѓе кои се трудат најмногу што можат за да живеат и се грижат за своите фамилии. Разбирањето дека било кои разлики во традицијата се само тоа – разлики во традицијата – може да помогне во поврзувањето на овие разлики. Запомнете дека додека вие можеби се согласувате дека американските жени се неморални, на ист начин Американците се согласуваат дека арапските жени се потчинети и без права. Ниедна слика не е целосно точна. Јас мислам дека доколку сите се обидеме да се разбереме подобро (што не значи дека ќе станеме исти) , нашите дискусии ќе бидат побогати и можеби ќе можеме да го напуштиме стравот и да продолжиме напред со разбирање и почит.

Писателот и блогер Лаила Лалами искажува неколку ставови за ДВД-то, но тврди дека нема да направи некоја значајна разлика:

Јас мислам дека ДВД-то нема да има некакво влијание на државите кои сè уште не се одлучени за претседателските избори. Ние сме толку преплавени со исламофобија со САД што тешко дека некоја гласач ќе се замисли од уште еден празен филм за тоа дека муслимани-еднакво-терористи и веројатно веќе се имаат одлучено за изборите (и сигурно нема да биде за Обама).

Авторот од Мароко на Глобал војсис Лала Лидиа објаснува зошто сите треба да го гледаме видеото:

Забележав дека многумина од вас ја препознаваат оваа слатка и надвор од сезона картичка со љубов (Валентајн картичка) како пропаганда и ја фрлаат во отпад.

Би сакала да не го правите тоа. Гледајте го, како јас што направив. Земајте забелешки.

Јас мислам дека е добро направен. Ја постигна целта да ги исплаши гледачите со зголемувањето на полумесечината, напнатата музика и многуте слики од терористички напади низ светот.

Помалку од една недела откако ДВД-то беше дистрибуирано, деца од џамијата во Дејтон, Охајо беа жртви на злосторство од омраза во кое беше фрлен гас преку прозорец од зградата. Блогерите веднаш ги поврзаа двата настана и покрај демантирањето на традиционалните медиуми.

КАБОБфест, блог кој е пишуван од група најчесто Арапи-Американци, извести за инцидентот:

Дали е само коинциденција што овој напад се случува по дистрибуцијата на „Опсесија“ во регионот? Можеби е и се надеваме дека полицијата ќе го истражи доволно за да ни даде одговор на ова прашање.

Ова алармантно, исламофобично видео беше испратено во неопределените земји од страна на непозната непрофитна организација, фондот Кларион. Се тврди дека има испратено 20 милиони копии. Многумина ќе го препознаат како видео со омраза што навистина е, но други може да ги обезбедат своите домови и да го нападнат непријателот – и овој бесмислен напад може да е еден таков случај.

Интересно, никој од традиционалните медиуми не известуваше за овој настан. Можеби доколку муслиман извршеше паралелен напад на црква или синагога тоа ќе беше топ вест. Што се случи со „маж гризна куче“ теоријата за интересот на медиумите? Можеби треба да ја обновиме изреката за да ја одразува модерната етногеографија на насилството: „Додека некој напаѓа муслиман, тоа не е вест. Но кога муслиман напаѓа белец, тоа е вест!“

A Diamond's Eye View of the World, Американец кој блогира за Либан, не потсетува дека имаме право да протестираме за дистрибуцијата на ДВД-то, споделувајќи ја адресата на фондот Кларион и поттикнувајќи не да напишеме љубезни писма:

Доколку сакате да го контактирате фондот Кларион, адресата која беше дадена на ДВД-то е:

255 W. 36th Street, Ste. 800
New York, NY 10018
(646) 308-1230

Само запомнете: бидете љубезни, професионални и искажете ги вашите ставови користејќи докази, а не лични навреди.

Исто така е формирана група наречена Опсесија со омраза за борба против пропагандата со филмот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.