Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Среден Исток и Западна Африка: Каде е мирот на Обама?

Тој пак го направи тоа, а овој пат ја доби Нобеловата награда, на изненадување на многумина -вклучувајќи го и неговото. Наградата на претседателот на САД Барак Обама испровоцира сериозни дебати на Блискиот Исток и еве неколку од реакциите.

Мо-ха-мед, кој се опишува себеси како „постојан бегалец“ во The Traveller Within гледа на наградата како обид за популарност:

Засрамен сум за комитетот за доделување на Нобеловата награда.

Мал, 5-член комитет од Норвежани беше опседнат со публицитет и само неколку во светот знаеја кои се водечките фигури на полето на медицината или економијата и само неколку се грижеа за најновите откритија во физиката и хемијата – наградата отиде онаму каде што може да се направат наслови.

За мировните напори на Обама, блогерот, кој е во моментов во Египет, пишува:

Рекордот на Обама во „светскиот мир“ не е површен – ужасен е.

Гвантанамо не е затворен. Ирак е сè уште не е среден. Се праќаат повеќе трупи во Авганистан, а не помалку. Американските војници вмешани во тортура не се осудени.
И да не почнам за неговиот смешен обид за нецелосното обраќање за проблемот на Блискиот Исток, кој заврши со тоа што Израел апсолутно, му се качи на г**.

На Twitter, gr33ndata [арапски], од Египет, пишува:

gr33ndata

Дали Нобеловата награда за мир е креирана за да се доделува на оние кои најмногу ги поздравуваат луѓето, им велат збогум и некои слични работи…

И Amr Ezzat додава:

ezzat

Обама ја заслужува Нобеловата награда за уметноста во дипломатијата и за неговата колекција на говори и изјави за новинарите.

Од Мароко, блогерот, Eatbees ја опишува ситуацијата како парадоксот на Обама и дебатира:

Барак Обама е човек на мирот – според комитетот за доделување на Нобеловата награда, најеминентниот човек на мирот во нашето време – сè уште е раководи армија која води две војни во исто време; мрежа на држави – клиенти, странски воени бази и тајни затвори; шпионска агенција која соработува со гангстери и терористи итн. Најпрво, логиката на неговата позиција, бара од него да ги брани интересите на американската империја (дефинирана како таква од кого? од гласачите? Конгресот? неговите воени шефови? камарилата на банкари и индустријалци?) и само тогаш, како чисто споредна работа, да се постигне хуманистичката цел на мирот.
[…]

Значи го имаме парадоксот на човек кој праќа беспилотни летала во планините на Пакистан за да бомбардира цивили, кој се поздравува со екстремисти како Нетанјаху и марионети како Абас, а ги избегнува вистинските демократи како Зелаја во Хондурас; но ние сме толку фасцинирани од тоа што тој би можел и би се осмелил да направи, што му ја дадовме Нобеловата награда по само девет месеци од неговото стапнување. Сега и самиот сум обожавател на овој парадоксален човек, но ние сме толку прегладнети за хумано водство во светот што сме подготвени да ги наградиме намерите како да се готови факти?

Во Израел, Јаел признава дека го сожалува Обама, велејќи:

навистина те тера да се чувствуваш засрамен од честа. Ова го става Обама, не по негова вина, во ужасно незгодна положба.

Вчера, една од најбараните фрази на Гугл беше „Нобеловата награда на Обама, дали е шега?“ и денеска, ако ги побаравте клучните зборови Обама и Нобел, во една од топ-сугестиите се вклучуваше „за што“.

Неговите причини, поради кои наградата не е во корист на Обама, се:

Прво, луѓето чуствуваат огороченост спрема некој кој добил нешто што не го заслужува, нели? […] Второ, со ова Обама станува подложен на критика во иднина: не само ако не успее да ја заслужи наградата (а перцепцијата за она што е потребно за заслуга на наградата е многу голема), но секогаш кога ќе направи нешто што може да биде видено, дури и најмалата група на противници, кои водат сметка што еден „добитник на Нобелова награда“ треба да прави, ќе бидат саркастични со изрази како „г. Добитник на Ноблова награда“ и тоа со тек на време ќе влезе во свеста на јавноста.

Таа го завршува нејзиниот пост со:

Навистина изгледа како да комитетот за Нобелова награда да го намести на неуспех, исмејување и сожалување. Тие не му направија никаква услуга.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.