- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Индија: Новинарство од страна на заедницата со Видео волонтери

Категории: Јужна Азија, Индија, Дигитален активизам, Протест, Технологија, Уметност и култура, Филм, Хуманитарен одговор

Видео волонтери е непрофитна организација составена од медиумски продуценти од селата и предградијата на Индија, кои креираат содржина која е релевантна за нив и ја прикажуваат во заедниците, запознавајќи илјадници луѓе месечно со вести и настани кои влијаат на нивните животи и ги повикуваат на акција. Канал 19 [1] е онлајн видео каналот каде овој медиум, креиран од и за заедниците се прикажува за остатокот од населението.

Во последното видео од Видео волонтери, тие зборуваат за штрајкот во Дарави, најголемото предградие во Мумбаи, Индија. Причината за штрајкот е тоа што владата ветила распределување на 400 квадрати за секоја фамилија за дом, но по повторно разгледување на таа одлука за време на последниот состанок, тие решиле дека ќе доделат само 300 квадрати за секоја фамилија. Следново видеото, Црн ден во Дарави [2], ја има комплетната приказна, снимено и продуцирано од видео волонтерите:

Другите видеа од Видео волонтерите на Канал 19 се инспиративни: во И жените може да си играат! [3], новинарите од заедницата прашуваат наоколу во нивното предградие што прават децата за да си играат. Искочи дека момчињата си играат, додека девојчињата мора да вршат обврски. Затоа тие прашуваат женски играч на крикет за важноста на играњето, како инспирација за другите девојчиња да го направат истото. Во Никогаш не е предоцна за предавање [4], жена, собирач на отпад, одлучува да ја промени својата иднина и решава да студира за учител и да дипломира.