Грузија: Блогосферата се појави

Првиот блог во Грузија се појави пред 4-5 години. На почеток како новост, а сега блоговите се едни од главните форми од новите медиуми, исто како што се весниците и списанијата за традиционални медиуми. Во модерниот свет ширењето на вестите преку традиционалните медиуми е побавно отколку преку интернет.

Проценката на состојбата со интернетот во Грузија е малку комплицирана, па сепак, во блиска иднина, еден нов сервис – грузиски каталог на блогови ќе биде објавен. Каталогот ќе ги опфати сите блогови и услуги, категоризирани по тема за да се олесни достапноста на информациите. Така поедноставно ќе се најдат и авторите и блоговите на интернет.

Претставувањето на новиот каталог е предвидено да се одржи во октомври 2009, во рамките на грузискиот форум за нови медиуми кој ќе се одржи наредната недела. На форумот ќе се дискутира за новите медиуми воопшто, блоговите, новинарството итн. Покрај објавувањето на каталогот на блогови, куса листа на грузиските блогови ќе биде достапна и на http://blogroll.design.ge.

Дотогаш, следи анализа на ситуацијата; значи сликата во Грузија е: има околу 1,500 блогови на грузиски јазик, од кои една третина се активни и објавуваат по една статија дневно. Исто така има и блогови од странци, посетители на нашата земја, но нивниот број не е голем и затоа во оваа фаза нема да бидат објавени за да се разгледаат.

Од наша гледна точка, најактивни грузиски блогови, кои имаат околу 200-300 посетители дневно се:

http://dodka.ge/

http://sweet.ge/

http://tomushka.blogspot.com/

http://linguistuss.wordpress.com/

http://tiny.ge/

Како што може да се види, темите кои се покриени, се различни, со многу блогери кои пишуваат за нивниот личен живот. Сепак, многу од нив, исто така пишуваат и за политички настани, економија, театар, музика, фотографија или дизајн.За жал,тематските блогови за специфични теми се ретки.

Како и да е, има блогови за готвење, вино, воени теми итн. На пример, ბლოგი ღვინისა და გემოვნების შესახებ ги покрива виното и рецептите за готвење, додека Military Thoughts е блог за воена теорија и исто така е интересен. Нема многу блогови од ваков вид, но можат да се спомнат и блоговите на Гоги Гвакарија, Нико Нергаѕе и други новинари од радиото Слобода.

Исто така има и блогови како თავისუფალი სიტყვის ბლოგი, чијшто автор е грузиски новинар – аматер. Во иднина, нашата рубрика има за цел да се разгледуваат популарните блогови за да се подигне јавната свест и јавниот интерес за авторите и блогот воопшто.

Првичната, целосна верзија на овој напис за блогосферата во Грузија најпрво беше објавен на грузиски, руски и англиски во Media.ge.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.