Бразил: Мобилизација на Твитер згасна блог на педофил

По голема мобилизација преку социјалните медиуми, бразилските нетизени успеаа да згаснат блог на педофил, само неколку часа откако првата тревога беше испратена на Твитер, утрото на 3 октомври, понеделник.

Блогот во прашање, наречен Sim a Pedofilia (Да за педофилија), беше многу јасен во неговиот повик за сексуална злоупотреба на малолетници. Страницата имаше само една објава, на 15 јули 2011 година, со снимка која содржи експлицитни слики, и 454 критички коментари. И покрај тоа, остана речиси 3 месеци.

Во покраината Алагоас, новинарот Маркос Родригез, кој обично ги следни социјалните медиуми додека неговата радио емисија е во етер, објаснува на блогот Jornal do Ócio (Дневник на безделничење) како се развила ситуацијата:

Captura de tela do blog Jornal do Ócio

Слика од екранот на блогот Дневник на безделничење

Hj, enquanto estava no ar com o nosso [programa de rádio] “Jornal do Povo” recebí no twitter uma postagem dando conta da existência de um site de pedofilia. Em meio a tantos protestos de indignação também me revoltei ao ver a única postagem existente.

A cena era chocante. Uma criança estava sendo abusada por um adulto. No blog o autor, desconhecido e covarde, defendia a pedofilia. Cinicamente dizia sim a essa prática nefasta e abominável.

Diante deste fato repugnante não tivemos dúvidas. Acionamos a Polícia Federal e o delegado Políbio Brandão respondeu imediatamente. Depois de orientar no ar como se deveria proceder, poucas horas depois – duas especificamente- o site foi tirado do ar.

Денеска, додека бев во етер со нашата радио емисија “Jornal do Povo” (Дневникот на луѓето) добив твит кој повикува на внимание поради постоењето на педофилски веб-сајт. Покрај толку многу демонстрации на лутина, бев бесен кога ја видов единствената објава на блогот.

Сцената беше шокантна. Едно дете беше злоупотребувано од возрасен. На блогот, непознат и кукавички автор ја бранеше педофилијата. Тој/таа цинично рече „да“ на оваа одбивна и грозна работа.

Имајќи го предвид овој непријатен факт, немавме сомнеж. Ја контактиравме федералната полиција и шерифот Políbio Brandão веднаш ни одговори. Откако тој во етер даде насоки како да се продолжи, неколку часа подоцна – поточно два – сајтот беше симнат.

Ленилда Луна (@lenildaluna), исто така новинар, објаснува дека било која личност може да пријави злоупотреба на платформите за блогирање, како што е Блогер (Blogger):

@lwisster @CanAlmeida @oscardemelo no próprio blog, em cima, tem “denunciar abuso”. Qto mais pessoas denunciarem, melhor!

@lwisster @CanAlmeida @oscardemelo на самиот блог, на врвот, постои копче „пријави злоупотреба“. Колку повеќе луѓе го пријават, толку подобро!

Луа Бесера (@LuaBeserra), која го користи Твитер за да вежба граѓанство, прославува:

pedofilia na internet? DENUNCIEM! http://denuncia.pf.gov.br, hoje eu e meus companheiros do twitter tiramos do ar um blog de pedófilos!

педофилија на интернет? ПРИЈАВИ! http://denuncia.pf.gov.br денес јас и моите Твитер пријатели згаснавме блог на педофил!

Очигледно, ова не е прв пат да се појави овој блог. Вероника Музи (@VeMuzzi) пишува:

Eu não acredito que o filho da puta que criou o blog simapedofilia.blogspot.com voltou. Ele ainda não foi preso não ? af.

Не можам да поверувам дека кучкиниот син кој го создаде блогот simapedofilia.blogspot.com се врати повторно. Нели е веќе уапсен? уф.

Роналдо Џуниор (@RoonaldGomez) изјавува дека акцијата не треба да заврши со бришење на блогот:

Galeeera o Blog simapedofilia.blogspot.com foi removido, ISSO É BOM, mas tem um grande problema, eu quero ver o cara É PRESO

Дечки, блогот simapedofilia.blogspot.com е отстранет. ТОА Е ДОБРО, но постои голем проблем, она што сака да видам е како овој тип е УАПСЕН.

Можеби е возможно, доколку корисниците се соберат да го испитаат случајот. Финалниот заклучок на Маркос Родригез, кој вели дека тој е од времето кога луѓето морале да излезат на улиците за да се мобилизираат, е тој дека, обединети, корисниците на социјалните мрежи имаат голема моќ:

Então, cheguei a conclusão que uma nova forma de cobrar e exigir está em prática. Mais do que nunca, precisamos usar essas ferramentas com mais habilidade. Alguém vai nos ler, nos ouvir e, principalmente, agir.

Дојдов до заклучокот дека нов начин на идентификување на одговорност и барање акција е во вежбањето. Повеќе од било кога потребно е да ги користиме овие алатки со повеќе вештина. Некој ќе не прочита, ќе не слушне, и најважно од се, ќе дејствува.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.