- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Провинцијализација на вестите

Категории: Источна и Централна Европа, Северна Америка, Македонија, САД, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство, Политика

Сеад Џигал објави извадок од неговата магистерска со податоци [1] за содржината на ТВ вестите во Македонија од септември 2009. Слично на податоците за САД претставени од Итан Зукерман на ТЕД [2], доминираат национална/локална политика со 37%, црна хроника со 25%, додека вести од светот се сведени на само 11%.