Египет: Нема овации за Нобеловата награда на Обама

Голема благодарност до комитетот за доделување на Нобеловата награда – навистина ни го разубавија денот. Можеби повеќето луѓе не се сигурни за што претседателот на САД беше номиниран, но се прилично сигурни дека не ја заслужи. Но сите беа среќни, затоа што ова им даде надеж дека секој и секаде може да ја освои наградата. Не беа само обичните луѓе шокирани што тој ја доби наградата,дури и Associate Press го има истото гледиште:

Еден од најмладите американски претседатели, кој работи помалку од девет месеци – и само 12 дена од истекот на рокот за номинирање за Нобеловата награда, минатиот февруари – ова е огромна чест.
Добивањето на наградата изгледа дека е повеќе за ветувањата на Обама отколку за неговата работа.

Египетските реакции почнаа со објави на Twitter

@amradelamin: Oбама ја доби Нобеловата награда за мир.
@fustat: Претседателот Обама ја доби Нобеловата награда за мир за 2009

Некои беа навистина затекнати.

Ghafari: نعم! اوباما فاز بنوبل للسلام؟ سلام ايه؟ وفين وامته؟.
@Ghafari: Да! На Обама му ја дадоа Нобеловата награда за мир? Кој мир? Кога и како?
@embee: Oбама? УПМ?
@alaa: Oх, упм. Претседателот на државата кој води две превентивни војни во две земји (ќе го игнорирам Пакистан) ја доби Нобеловата награда за мир?
@waelabbas: Oбама ја доби наградата за помагање на диктатори
@Ssirgany: Номинацијата за наградата истекуваше до 1 февруари, само 10 дена откако Обама ја презеде функцијата. Што направи тој за тие 10 дена?

Додека повеќето почнаа да се шегуваат за ова

@nightS: Oбама и Нобеловата награда за мир?!?!?! Претпоставувам дека е добра вест..Мислам дека во 2010 јас ќе ја добијам ако видоа дека тој навистина ја заслужи!!
@Sarahcarr: Церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда требаше да се одржи во Авганистан, проследена од роднините на жртвите, заклани од трупите на Обама.
@minazekri: Добитникот на Нобеловата награда за мир, г-от Обама, ќе достави барање за зголемување на неговите трупи, во неговата војна во Авганистан.
@minazekri: Авганистан, Ирак и сега Обама ќе го КАЗНАТ Иран, секако тој е најдобриот избор за Нобеловата награда за мир.
@moftasa: Чудно како политичарите ја добиваат наградата без воопшто да направат нешто, а научниците , понекогаш ја добиваат децении по нивните откритија.
@moftasa: Барбара Меклинток ја доби Нобеловата награда за медицина во 1983 за нејзиното откритие на генетската транспозиција (промена,менување) во 40-тите и 50-тите.
@alaa: @moftasa посмешно е како Мандела требаше да чека до добивањето и мораше да ја подели со расистички убиец или како Ганди не успеа да ја добие 4 пати.
@WilYaWil: Oбама можеби ја заслужи за говорите, ама не за мир!
@BooDy: قلت لابوي و انا صغير يابا انا عاوز آخد جايزة نوبل ضحك علي الندل و قالي ذاكر و ابقى عالم و انت تاخدها أتاريني الأسهل اني ابقى سفاح
@BooDy: Еднаш, кога бев млад, му кажав на татко ми дека сакам да ја добијам Нобеловата награда. Тој се насмеа и ми рече дека морам да учам за научник за да ја земам, но изгледа дека е полесно да станеш убиец за да ја добиеш.
@WilYaWil: Kaнје Вест го прекина говорот на Обама при примањето на наградата „Ќе ти дозволам да завршиш, но ова е најлошиот избор на сите времиња за Нобеловата награда за мир“
@Amiralx: И јас треба да добијам Греми за пеење под туш!

Arabawy исто така напиша посебна статија за ова на неговиот блог.

Касапот на Ирак и Авганистан (и Пакистан) ја доби Нобеловата награда за мир. Честитки! [Мабрук!] Одличен ден за светската слобода. Oбама, Манхем Бегин, Хенри Кисинџер–сите се луѓе кои ја направија планетава одлично место за живеење. Зошто не можат и Мубарак и Хабиб ел Адли да ја добијат? Пораката која овие г**нари во Норвешка ја испраќаат: Со убиства и касапење до Нобелова награда.

И конечно, некои имаат поинакво гледиште:

@majdtweets: Од посветлата страна: Сега кога Обама ја доби наградата, можеби навистина ќе посака/ќе мора да ја заслужи титулата и да создава мир!
@sarsour: Ми се допаѓа Обама -ми изгледа супер човек. Сепак, ми се чини дека добива повеќе за работите ПРЕД навистина да ги направи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.