Бангладеш: Блогерите нема да бидат замолчени

Универзитетот Џаганат во Џака, основан во 1858 година, е еден од најстарите јавни образовни институти во Бангладеш. Многу луѓе од земјата неможат да си дозволат скапа приватна школарина и зависат од овие јавни образовни институти за нивните високи студии.

Неодамна, по препорака на Светска Банка, владата се одлучи да ги намали субвенциите во образованието со приватизирање на јавните колеџи и универзитети, а Универзитетот Џаганат постана еден од нивните први експерименти.

Студентски протести

Парвез Алам дава осврт на неодамнешните протести и демонстрации на студентите од Универзитетот Џаганат:

জগন্নাথ বিশ্ববিদ্যালয় শ্রেফ শুরু মাত্র, এরপরে দেশের প্রত্যেকটা বিশ্ববিদ্যালয়রে ধরা হবে। একটা বিশ্ববিদ্যালয়ের ক্ষেত্রে বাস্তবায়ন করতে পারলে বাকিগুলাও আস্তে আস্তে করে ফেলা হবে।

Универзитетот Џаганат е самиот почеток, постепено сите јавни универзитети во земјата ќе бидат засегнати. Доколку тие успеат да имплементираат тука, другите ќе следат.

На 25 септември, 2011 година, полицијата ги казнуваше студентите од Универзитетот Џагант бидејќи некои од нив прибегнале кон вандализам за време на протестите. Покрената е сериозна постапка против студентите вклучувајќи масовни апсења.

Активисти од групата на Фејсбук „Блогери и онлајн активисти за национален интерес“ (জাতীয় স্বার্থে ব্লগার -অনলাইন একটিভিস্ট) ја осудија полициската бруталност и го поддржаа барањето во 4 точки и протестите на студентите од Универзитетот Џаганат.

Asif Mohiuddin. Image courtesy Arfan Ahmed/Unmochon

Асиф Мохиудин. Слика од Афран Ахменд/Unmochon

Покрај неколку блогери, Асиф Мохиудин, 28 годишен ИТ специјалист, напиша опширно за ова прашање и беше еден од главните организатори на протестите на форумот на „Блогери и онлајн активисти за национален интерес“ на 30 септември. Тој го потпиша неговиот напис со ова:

 

জয় আমাদের হবেই। আমরা আমদের শিক্ষাকে পণ্যে পরিণত হতে দেবো না। আমাদের শিক্ষা হোক সকলের জন্য।

Ние ќе победиме. Нема да дозволиме образованието да биде производ. Дозволете нашето образование да биде достапно за секого.

Уапсен Асиф Мохиудин

Полицијата презема остри мерки за време на настанот на 30 септември и исто така уапси  неколку студенти кои подоцна беа ослободени со кауција. На 1 октомври 2011 година, на блоговите се проширија вести дека Асиф Мохиудин бил уапсен. Ковшик Ахмед известува:

গতকাল অনলাইন অনলাইন ব্লগার অ্যাক্টিভিস্ট গ্রুপের অন্যতম সংগঠক আসিফ মহিউদ্দীনের বাসায় ডিবি পুলিশ খুঁজতে যায়, না পেয়ে পরিবারের সদস্যদের কাছে তাকে থানায় রিপোর্ট করতে বলে। আজকে আসিফ মহিউদ্দীন তার বোনকে নিয়ে থানায় রিপোর্ট করলে, পুলিশ তাকে আটক করে। যারা কোনো গ্রহণযোগ্য কারণ দেখানো হয়নি, তবে শোনা যাচ্ছে তার মোবাইল কল ট্রাক করা হয়েছে।

Вчера полицијата од детективската гранка отиде во домот на Асиф Мохиудин, еден од клучните организатори на „Блогери и онлајн активисти за национален интерес“, а тој беше отсутен. Тие ги известиле членовите на неговото семејство дека тој треба веднаш да се пријави во полициската станица. Асиф денеска отиде во полициската станица заедно со неговите сестри и беше задржан. Не беше дадена причина за неговото апсење, но неговите телефонски разговори се следат.
Poster for a protest demanding release of blogger Asif.

Постер за протестот со кој се бара ослободување на блогерот Асиф.

Блогосферата експлодираше со реакции и сите бараа ослободување на Асиф. Артхонин напиша:

 

Што направи Асиф? Дали запали нечиј имот или направи хаос или го прекрши законот? Епа сигурно го прекрши законот и затоа беше забележан од државната полиција. Тој пишуваше и се сомневаше во дејствата на владата и владата неможе да го поднесе тоа. Тоа е криминалот.

Војал Агнипуруш побара и тој да биде уапсен за да нема никој кој ќе протестира против дејствата на владата.

Ковшик обезбеди постојано ажурирање на вестите за ситуацијата и беше организирано протестно собирање на 2 октомври во градот со што се бара ослободување на Асиф.

Асиф остана притворен во текот на ноќта и на 2 октомври се појавија вести дека тој може наскоро да биде ослободен. Оми Рахман Пиал информирање дека допрва треба да биде официјално уапсен и дека бил задржан на испитување.

Полицијата конечно го ослободи Асиф по 18 часови притвор, но она што ја разлути онлајн заедницата беа изјавите на полицијата и начинот на кој тој беше ослободен.

Според BDNews24.com Асиф морал да потпише договор во кој вели дека онлајн нема да повика на собири на движењето на блоговите или на Фејсбук по прашањето за Универзитетот Џаганат. Полицијата постојано го советуваше: „Не пишувај. Имаш работа, ожени се. Никој никогаш ништо не постигнал со пишување“, и други бисери како „Слободата на говор, етика – овие работи немаат смисла во животот.“ Според вестите, еден детектив наводно му кажал: „Државата ќе види дали си на нејзина страна или против неа. Доколку си против неа, ќе бидеш прегазен.“

Блогерот и новинар Биплоб Рахман прашува:

এ অবস্থায় প্রশ্ন জাগে, দেশটা কী শেষ পর্যন্ত পুলিশী রাষ্ট্রে পরিনত হচ্ছে?

Се покренува прашање, дали земјата станува полициска држава?

Ковшик смета:

সরকারী আমলাতন্ত্র সম্ভবত বিকল্প মিডিয়ার শক্তি সম্পর্কে অনভিজ্ঞ। আসিফ মহিউদ্দীন মাত্র একটা নাম – তবে ভার্চুয়াল অঙ্গনে এখন লাখো আসিফ মহিউদ্দিন সরব হয়ে আছেন

Се чини дека владата не е свесна за моќта на алтернативните медиуми. Асиф Мохиудин е само едно име – има илјадници како Асиф во виртуелниот свет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.