- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Активист за човекови права обвинет за клевета

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Граѓански медиуми, Закон, Медиуми и новинарство, Слобода на говор, Човекови права

Жарко Трајаноски, активист и експерт за човекови права, на својот блог објави скен на тужбата од 50.000 евра [1] која приватно ја покренал против него водителот на ТВ ток-шоу Миленко Неделковски [2]. Обвинетиот наводно го оштетил угледот на провладиниот медиумски лик со тоа што ги оквалификувал неговите повици за „ликвидација“ на „предавниците“ како говор на омраза. Трајаноски смета дека тужбата е „уште еден обид за заплашување и закана“.