- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Македонија: Продолжуваат подобрувањата во скопската зоолошка градина

Категории: Источна и Централна Европа, Македонија, Владеење, Граѓански медиуми, Животна средина, Образование, Уметност и култура
Мечка во скопската зоолошка. Фото од Васил Буралиев, објавено со дозвола на авторот.

Знак „Внимание! Електрична ограда“ и мечка во скопската зоолошка. Фото од Васил Буралиев, објавено со дозвола на авторот.

Васил Буралиев [1] блогираше [2] за понатамошни подобрувања на Скопската зоолошка градина [3], за која Глобал војсис пишуваше во 2010 година (en [4], mk [5], sq [6], nl [7], zh [8], zh [9], es [10]]. Тој напиша:

Имам чувство дека многу повеќе ги забележуваме лошите работи што ни се случуваат, за кои многу повеќе сме расположени да коментираме и секој од нас да нуди некакви решенија за проблемите, а оние убавите се игнорираат со премолчано образложение дека тоа некому му е работа и се очекува да ја направи добро и дека за тоа зема плата и нема потреба од посебно забележување и пофалби…