- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Саудиска Арабија: Еве го доаѓа едноокото фереџе

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Бахреин, Мароко, Палестина, Саудиска Арабија, Жени и род, Религија

Од фереџе кое го покрива лицето, но им дозволува на жените да ги покажат двете очи, еден исламски научник од Саудиска Арабија сега повикува на фереџе кое дозволува да се види само едното око [1]. Блогерите од арапскиот свет реагираат.

Пишувајќи на Mideast Youth [2], Бахраини Есра забележува:

Со цел да ги лечи своите вознемирувачки искушенија, саудискиот свештеник Мухамед ал-Хабадан предлага едно многу соодветно решение за жените: еднооко фереџе.

Таа продолжува:

Одлично! Јас ќе започнам да дупчам дупки во моите чаршафи веднаш.

Но со сета сериозност, вака вознемирувачки предлози само уште повеќе ги третираат жените како предмети, поканувајќи “религиозни“ свештеници да ги малтретираат и да не покажуваат почит кон нив на начин кој повеќе не е прифатлив.

Јас имам еден попогоден предлог за свештениците кој е понаклонет кон нив од овој лажен повик; извадете си ги очите со чекан за клинци ако сакате да се воздржувате да не бидете заведени. Жените не треба повеќе да ја плаќаат цената на вашиот пореметен и болен менталитет.

Од Мароко, Миртас [3] чади од лутина, опишувајќи го ова правило како  “Исламски погрешна  фатва [4] (легално мислење или декрет донесен од исламски религиозен лидер)“. Таа исто така прашува:

Се прашувам колку жени би сакале да му извадат другото око на шеикот Мухамед заради неговата глупава фатва.

Палестинецот Хаитам Саба [5] го опишува едноокото фереџе како “смешно, апсурдно“

Тој вели:

Ова излегува од контрола. Апсурдно…

Понатаму продолжува:

Зошто тие не ги присилат жените целосно да го покриваат лицето и со тоа да го затворат прашањето? Како го нарекувате ова? Религија или ислам? Никако!

Ох… патем речено… дали некој знае кое око треба да биде покриено? Левото или десното? (Претпоставувам левото затоа што тие цело време ни кажуваат да правиме работи со нашите ДЕСНИ нешта… Aх… сега го сфаќам правилото. „Прави ги добрите работи со ДЕСНИТЕ нешта.” Еве од каде дојдоа човековите “Права“ и каде ги гледаме во акција.

Да живее долго “Едноокото фереџе.”

Сабах исто така постави и фотографии од тоа како би изгледале жените носејќи еднооко фереџе, кои може да се видат овде [5].