Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индонезија: Силен земјотрес ја погоди западна Суматра

Силен земјотрес го погоди Паданг, западна Суматра, во средата во 17.00 часот по локално време.

Видео клип е објавен на YouTube од корисник од Паданг:

Подморскиот земјотрес со јачина од 7.6 по Рихтеровата скала причини големи оштетувања на зградите и жртви претежно околу Париаман крајбрежен дел на Паданг.

Фотографија поставена на Twitpic од a href=http://twitpic.com/photos/marcellodecaranmarcellodecaran/a

Фотографија поставена на Twitpic од marcellodecaran (http://twitpic.com/photos/marcellodecaran)

Меѓународно предупредување за цунами беше издадено за Индонезија, Тајланд, Малезија и Индија, но беше подигнато еден час подоцна.

Индонезиската новинска агенција Антара извести дека бројот на жртвите достигна 75 лица, но се зголемува затоа што сè уште има жртви под урнатините, додека многумина одбраа да седат надвор од нивните домови плашејќи се од нов земјотрес.

Според првиот секретар на Националниот одбор за управување со кризи, Пурномо Сидик, во Антара штабот на (НОУК) во Џакарта не добил детални информации од теренот поради прекинот на комуникациите во западна Суматра.

Педесет проценти од градот претрпе оштетувања, а закажаните авионски летови од Паданг се откажани поради оштетувањата на автопатот кај аеродромот Миканг.

Индонезиската твитерсфера е полна со пораки за сочувство, објавени од роднините и извештаи за помош.

henzter: само што добив одговор на мојата СМС порака, од познаник во сумбар: сè уште го барам брат ми. *се молам*

martimanurung: Провинциите Јужна и Северна Суматра ќе и помогнат на Западна Суматра со помош за земјотресот.

veraalexandra: Господе, те молам помогни им на нашите браќа и сестри во Паданг.. дај им сила да издржат.. Амин.

aditdmid: bru lht dmpak gempa Padang td sore. evakuasi mlm ni trhmbt hjn deras & mati lstrk,75% kota lumpuh. smg para krbn dbri kkuatn&ktabahn. amin.

aditdmit: Само што бев сведок на последиците од земјотресот во Паданг, вечерва евакуацијата е одложена заради големиот дожд и прекинот на електричната енергија, 75% од градот е парализиран. Се надевам дека жртвите имаат сила да издржат. Амин.

Потпретседателот, Јусуф Кала, го скрати заколнувањето при инаугурацијата на новиот парламент и прати шест министри на лице место за да ја проценат штетата.

aulia: Ние гласавме за вас. Нашето прво официјално барање е да го донирате џепарлакот за жртвите од земјотресот. Ним им треба повеќе отколку вам.

Околу 23:45 по локално време darlingalih вели:

darlingalih: RT @isatbb: Jaringan data GPRS ISAT aman terkendali di Padang, anjuran komunikasi ke Padang via fitur BB: Email, BBM, YM, FB. Please RT

GPRS Индосат [белешка на авторот: Вториот по големина индонезиски мобилен провајдер] ја реинсталира мрежата во Паданг, ви препорачуваме да комуницирате со Паданг преку Blackberry функциите: имејл, Blackberry месинџер, Yahoo месинџер, Facebook. Ве молам препратете ја пораката.

Министерот за социјала Абу Ризал Бакри рече дека инфраструктурите штети, предизвикани од скорешниот земјотрес се толку големи што можат да се споредат со оние од земјотресот во Јогиакарта, во 2006 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.