Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Промашена дијагнозата за лошиот стандард на образованието во Малави

Дебатата за јазикот на кој ќе се изведува наставата привлекува се поголемо внимание во Малави откако владата одлучи дека на учениците ќе им се предава на англиски од Standard One. Стив Шара се приклучува на дебатата тврдејќи дека е промашена дијагнозата на проблемот со образованието во Малави:

Има добри причини зошто многу луѓе во Малави се среќни со новата политика англискиот јазик да биде јазикот на кој ќе се одвива наставата во јавните училишта. Ние во Малави го сметаме доброто владеење со говорниот англиски како производ на добро образование. Доколку некој добро зборува англиски, за него се смета дека е образован. Во многу случаи тоа е доста точно. Колку повеќе години ќе помине некој во образовните институции во Малави по завршувањето на основното и средното училиште, толку подобар станува неговиот англиски.

Но, постојат и случаи каде ова не е точно. Трикот е во тоа да се знае кога да се изедначи познавањето на англискиот со доброто образование, а кога не. Правилно е да се изедначи добриот говорен англиски со добро образование, кога материјата за која некој говори покажува резонирање и вештини за решавање проблеми. Англискиот може исто така да претставува точна мерка за нечие образование кога истиот е способен добро да чита и пишува, да анализира податоци, и да донесува информирани одлуки од тие податоци.

Во овој многу редок клас, секој ученик има свој учебник.
Но, би требало да се потенцира дека секој јазик во светот ги поседува истите атрибути и може да претставува точна мерка за нечие добро образование. Ова е причината поради која многу успешни држави продолжуваат со инвестициите во своите локални јазици. Добро образование би требало да овозможува не некоја личност тоа образование да го стави во лична корист, но и во корист за целото општество. Една држава може да се развива само кога мнозинството од нејзините граѓани имаат пристап до знаење кое е потребно за да ги променат нивните животи и нивните заедници. Кога знаењето е сокриено во некој јазик само малата елита може да го разбере и употреби, општеството стагнира. Не може да постои значаен, рамноправен развој.

Во сегашната дебата за јазикот на изведување на наставата во Малави, ние ја промашуваме дијагнозата за причините на она што ние го сметаме за ниски стандарди во образованието. Ние сметаме дека стандардите во образованието се ниски бидејќи учениците кои ќе излезат од системот не го владеат англискиот јазик.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.