- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мексико: Како да се опише болката во болниците каде што не се нудат здравствени услуги на автохтони јазици

Категории: Мексико, Граѓански медиуми, Здравје, Староседелци
Mexico

Фотографијата е преземена од flickr од корисникот Buen Rumbo [1] (CC BY-NC-SA 2.0)

Без медицински персонал којшто ги зборува автохтоните јазици, но и без адекватни услуги за превод во мексиканските болници, постои ризик пациентите да не можат целосно да ги опишат болките од кои страдаат, пишува Yásnaya Aguilar во нејзинината редовна блог колумна за EstePaís [2]. Во нејзината колумна, таа дава различни примери за тоа како комбинираниот јазик [3]и овозможува најточно да ја опише нејзината болка на медицинската сестра или докторот којшто го зборува истиот јазик и како преводот кон шпански може да се покаже како недоволен. Таа објаснува: 

На пример, во комбинираниот јазик, имам лепеза различни зборови за да ја опишам физичката болка: pëjkp, jäjp, pä’mp, we’tsp… па едвај да можам да пронајдам еквивалентни зборови за овие зборови во шпанскиот јазик. Разликите се толку големи што понекогаш болката можам да ја опишам само на шпански додека понекогаш само на комбинираниот јазик. Владеењето на обата јазика ми овозможува да имам на располагање побогат фонд на зборови со кои ќе ја објаснам болката, иако генерално, кога нешто многу ме боли, тогаш комбинираниот јазик презема контрола на моите мисли.

Универзалното право на здравствена грижа не може да биде загарантирано затоа што повеќето од болниците немаат медицински персонал којшто истовремено ги зборува автохтоните јазици но и може да ги препознае различостите на говорот на телото. Освен тоа, таа додава дека ова би можело да доведе до погрешни дијагнози па без ваквите услуги на превод, „не постои начин да се изградат мостови на емпатија, да се разбере всушност дека твоето ‘боли’ би можело да биде исто како моето.“