- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Јемен: Петок на победа за Сирија и Јемен

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Јемен, Сирија, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Политика, Протест

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Јемен 2011 [1].

Револуционерите во Сирија и Јемен кои се побунија против угнетувачките тирани и брутални режими кои траеја со месеци го обединија името на нивните петочни протести, во солидарност. Во „Петокот на победа за Сирија и Јемен“, активистите во двете земји ги координираа нивните напори да го споделат не само истото име, туку и истите транспаренти, слогани, како и аудио и видео материјали.
Моќни песни за слобода на Сирија и Јемен се слушаа насекаде низ 60тата улица во Санаа во „Петокот на победа за Сирија и Јемен“. (Снимка објавена од alabdulkadir [2])

Овој петок во Таиз, демонстрантите пеаја во солидарност со Сирија „ја жртвуваме нашата душа и крв за тебе Сирија“. (Снимки објавени од: taizcitynet [3])

Тие ја пееја „иднината е слободна, без Али, без Башар, времето на никаквеци помина, долго да живее Арапскиот народ“.

Демонстрантите во Худеида исто така пееја за слобода на Сирија и Јемен и солидарност со револуционерите во Дара. (Снимка објавена од: shababalhodeidah [4])

Продолжувајќи во Сирија, во Тадмор, сириските демонстранти исто така пееја „Сирија и Јемен се едно“. (Снимки објавени од: SHAMSNN [5])

Во Халаб, демонстрантите ја повторуваа јеменската песна „порадо смрт отколку понижување“

И во Идлиб, Сирија, демонстрантите пееја во солидарност со Јемен.

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Јемен 2011 [1].