- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Жените од Бахамите во борба за еднакви права

Категории: Кариби, Бахами, Граѓански медиуми, Жени и род, Закон, Историја, Младина, Политика, Хомосексуални права (ЛГБТ), Човекови права

Би помислиле дека нација која потроши толку многу време во текот на 20-тиот век за негирање на еднаквоста, денес не е обединета околу еднакви права за жените во пренесување на државјанството на нивните деца и сопружници. Би помислиле дека уставна одредба која забранува дискриминација кон повеќе од половина од популацијата би била целосно контроверзна. 

Но, во таа смисла, би погрешиле.

На својот блог Bahama Pundit [1], Лари Смит вели: „главната поента е дека бахамските жени треба да ги имаат истите права согласно законот“.