Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Регрути на ИСИС ги разгореа секташките огнови во Бахреин со видео во кое повикуваат на борба

Three of the four Bahraini ISIS militants who called Bahrainis to take arms. Screenshot taken from a YouTube video

Тројца од четворицата милитанти на ИСИС од Бахреин кои повикаа на борба. Скриншот земен од видео на Јутјуб споделувано на социјалните мрежи

Четворица Бахреинци кои се придружија на милитантната група ИСИС ги повикаа нивните сограѓани да земат оружје и да се придружат во борбата против „тиранинот“ на власт, кралската фамилија Суни Калифа и Шиитското мнозинството во државата, во видео на Јутјуб кое се појави на социјалните мрежи и веднаш стана вирално.

ИСИС, кои произлегуваат од Ал Каеда, веќе контролираат една третина од Сирија и четвртина од Ирак, сеејќи страв и ужас. ИСИС привлече илјадници млади од целиот свет, кои станаа индоктринирани во таа екстремна идеологија, за која дури и озогласената Ал Каеда изјави дека е „брутална“.

Еден од оние кои се појавува во видеото со закани за режимот во Бахреин е поручникот Мухамед Иса Ал-Бинали, чие напуштање на Бахреинските безбедносни сили беше објавено на Глобал Војсис оваа година. Освен тој, се појавуваат и тројца други Бахреинци, кои се претставуваат со алијасите Абу Ладен Ал-Бахраини, Абу Алфида Ал-Салами и Касвара Албахраини.

Мухамед (абу-иса) дипломираше на Полициската академија во 2013 и требаше да биде затворски чувар во озогласените Бахреински затвори, во кои се практикува систематско измачување уште од 2011. Министерството за внатрешни работи во Бахреин изјави дека тој бил отпуштен од неговото работно место бидејќи бил отсутен последниов месец. Според извештаи на новинари на арапски јазик, тој е во редовите на ИСИС веќе четири месеци.

Мухамед потекнува од познато семејство во Бахреин, кланот Бинали, кој е тесно поврзан со владејачкиот режим Ал Калифа. Неговиот братучед, Турки Ал-Бинали, кој се претставува со алијасот Абу-Суфјан-Ал-Салами (Ал-Салами се однесува на племето на Сулаим од Арабија), е проповедник на висока функција во ИСИС. Пред заземањето на оваа јавна позиција во терористичката организација, тој многупати беше апсен и пуштан на слобода во Бахреин.

Во видеото кое следи, можете да го забележите како води протест пред Американската амбасада во Бахреин; тој протест не беше нападнат од властите како што обично се напаѓани опозициските протести. Неговите книги се уште можат да се најдат во библиотеките и книжарниците низ Бахреин, држава која забранува стотици веб-сајтови кои се спротиставуваат на власта .

Врската помеѓу ИСИС и БинАли не е нова. Во мај, Турки објави информации за уште еден негов братучед кој загинал борејќи се за ИСИС.

Потврдена е веста за смртта на борец од Бахреин со ИСИС од семејството Ал-Бинали од Бусаитен. Неговото име е Али Јусиф.

Виралното видео се фокусира на 4 главни точки:

  • Повикување на вооружените сили да дезертираат
  • Повикување на повеќе Сунити да се придружат на џихадот во Сирија и Ирак
  • Повикувајќи ги Сунитите да одбиваат да работат со Шиитите во јавниот и приватниот сектор во Бахреин
  • Повикување на бојкот на наредните избори

Многумина во Бахреин сметаат дека владата замижува пред зголемувањето на симпатизерите на ИСИС во државата. Истакнатиот активист за човекови права Набеел Раџаб не се служи со дипломатски изјави. Неговата порака е јасна:

многу момци од #Бахреин кои се придружија на #тероризмот и #ИСИС дојдоа од безбедносни институции и тие институции беа првите идеолошки инкубатори

Бахреин е составен од шиитско мнозинство кое со децении се жали на маргинализација од владејачкото кралско сунитско семејство. Како одговор на големите протести во февруари 2011, „режимот во Бахреин не само што насилно одговори со употреба на сила, туку поддржувајќи и секташтво со што би се расцепило народното движење и би се изградила национална и регионална поддршка за распаѓање“, напиша Марк Линч во Надворешна политика.

Иако Бахреин се придружи на коалиција во нејзините воздушни напади на ИСИС во Ирак и Сирија, климата на дискриминација дома не може да е полоша. Како што вели г-дин Раџаб:

Закони за тероризам во #Бахреин и #Заливот не беа употребени против #терористи или #ИСИС туку против борци за #човекови_права и затвореници на совеста

Сега со излегувањето на ова видео, со неговата јасна и гласна порака која наидува на прием во некои кругови во Бахреин, да почекаме и да видиме како режимот во Бахреин ќе се справи со оваа нова ескалација на вистински тероризам од луѓето во нашите редови.

Заканата на ИСИС кон Бахреин коинцидира со сличните пораки кон соседните држави, кои исто така замижуваа пред активностите на групацијата, дозволувајќи и да нараснува и да се развива на нивната почва. Мавританскиот блогер Насер Ведади твиташе:

Топ #ИСИС извор „Дадено е зелено светло за поместување на битките во главните градови на Саудиска Арабија, ОАЕ, Катар, Јордан, Бахреин“ #сериозно pic.twitter.com/oZu0ZfYCS6

Глобал Војсис нема да го објави видеото за кое станува збор за да не придонесе во понатамошното ширење на пропагандата и говорот на омраза на ИСИС.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.