Грузија: Игра на Фејсбук – Виртуелен претседател на собрание

Во пресрет на парламентарните избори во Грузија, закажани за октомври 2012 година, Давид Бакрадзе, претседател на тековниот парламент, е најактивен член на владеачката партија на Фејсбук.

Неговата официјална страница (на грузиски) со 27.526 лајкови во времето на пишување на овој текст, има фотографии од посети и состаноци, како и од неговото семејство. Бакрадзе исто така објавил и игра наречена Избори во која секој лајкувач на неговата страница може да се кандидира за позицијата на виртуелен претседател на собранието.

Screen capture of David Bakradze's Facebook page.

Снимка од екранот на Фејсбук-страницата на Давид Бакрадзе.

Image from David Bakradze's official Facebook page.

Фотографија од официјалната Фејсбук-страница на Давид Бакрадзе.

Играта има едноставни правила. Играчот може да се регистрира како кандидат, или да гласа за друг играч. Оние кои сакаат да се кандидираат треба да објават кратка биографија и да поканат пријатели да гласаат за нив. Кандидатот што ќе привлече најмногу гласови ќе стане виртуелен претседател на парламентот, а останатите четворица играчи со најмногу гласови ќе бидат „избрани“ како виртуелни заменици-спикери.

Бакрадзе е меѓу најактивните членови на владеачката партија на Фејсбук. Во август 2011 г. тој ги покани најактивните членови на неговата страница во парламентот на неформална средба и тура со водич, а минатиот месец тој покани уште десетмина во неговата канцеларија. Бакрадзе им кажал на новинарите дека со играта сака да го подигне интересот на младите за изборите и да охрабри комуникација помеѓу владата и граѓаните.

Од друга страна, реакциите од јавноста се мешани, при што некои сметаат дека иницијативата е добра додека други велат дека е губење време. Еден коментар на Фејсбук, на пример, просто вели дека „наскоро ќе го избираме претседателот со ’лајкови‘“, додека други мислат дека е тоа е „чекор напред во навлегувањето на Владата на Фејсбук“.

Чити (Птица – на грузиски), грузискиот пандан на Ди анјон (The Onion News) приложи свој сатиричен коментар:

თბილისი, 21 სექტემბერი – სოციალურ ქსელ Facebook-ზე პარლამენტის თავმჯდომარის ინიციატივას, “ვირტუალური არჩევნები,” მხოლოდ სიმბოლური დატვირთვა არ ექნება. პარლამენტის აპარატის მიერ გავრცელებულ განცხადებაში ნათქვამია, რომ თამაშში გამარჯვებული ადამიანი, დავით ბაქრაძესთან ერთი დღის გატარებასთან ერთად ხელფასსა და პენსიასაც მიიღებს.

Тбилиси, 21 септември – Иницијативата на Фејсбук на претседателот на парламентот „Виртуелни избори“ нема да има само симболичко значење. Според изјавата на претставник на Парламентот, победникот ќе помине еден ден со Давид Бакрадзе и ќе добие плата и пензија.

Во моментов, 760 лица се вклучиле во виртуелните избори и првопласираниот „кандидат“ има 328 гласови. Поважно е дека овој потег е показател дека грузиската влада постојано се обидува да ја впрегне моќта на социјалните медиуми (англиски).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.