Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Србија: Смртта на францускиот фудбалски фан

Брис Татон, 28 годишен француски граѓанин и навивач на фудбалскиот тим од Тулуз, беше брутално претепан од страна на фановите од фудбалскиот тим Партизан во центарот на Белград на 17ти Септември. Тој почина во белградската болница на 29ти септември.
Оваа ужасна вест предизвика многу реакции од блогерите.

Срѓан Митровиќ напиша:

Засрамен сум од овај град, овие политичари и оваа држава.

Марко Јетвиќ креира Facebook група – „Запрете со насилство“ – и на неговиот блог ги повика читателите да се придружат. Тој напиша:

Јас сум фан на Партизан. Роден сум и израснав во Белград… но сум засрамен.

ПОЧИВАЈ ВО МИР БРИС

Сречко Секељиќ напиша:

Најави и насилни дела, поради кои геј парадата беше забранета во главниот град, поради кои многу луѓе се претепани, поради кои Брис Татон трагично загина, поради кои граѓаните не можат безбедно да шетаат по градските улици – сето ова мошне јасно ја покажува силната потреба за организирање на еден широк фронт против насилството. Првиот чекор за граѓаните е да ги преземат улиците од групите и индивидуалците кои шират омраза и покажуваат страв и смрт. Следниот чекор е институциите да започнат и успешно да ги реализираат криминалните обвиненија против индивидуалци, групи и организации кои пропагираат и извршуваат насилства.

Српските власти го искажаа своето сочувство до фамилијата на Брис и истакнаа дека Србија нема никогаш да го заборави. Веб сајтот РТВ Студио Б ја објави изјавата на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ:

„Во името на Министерството за внатрешни работи, го искажувам моето најдлабоко сочувство поради смртта на вашиот син. Се до последен момент се надевавме дека Брис и неговата младост ќе победи. Веста за неговата смрт, која српските граѓани ја примија со големо жалење, е дотолку потрагична.“

Според „Студио Б“, секретарот при Министерството за човекови права, Марко Караџиќ испрати повик до граѓаните да се соберат на централниот плоштад во Белград во среда во 11:30 часот, како би му оддале почит сo цвеќиња и свеќи. Тој истакна:

Ужасна е веста дека француски граѓанин го изгуби животот на ваков начин во Белград. Сакам да упатам повик до сите граѓани да дојдат на плоштадот Трг Републике како хуман гест да запалат свеќи и остават цвеќиња со што би покажале дека има многу луѓе во Србија кои се против насилство и дека Србија никогаш нема да го заборави францускиот граѓанин Брис Татон ниту пак ќе дозволи повторување на вакви настани во иднина.

Претседателот Тадиќ исто така реагираше :

„Србија ќе реагираа со највисок степен на сериозност и со остри мерки. […]“

Тој додаде дека ова е предупредување „до сите групи кои промовираат насилство изминатите неколку дена.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.