- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Полското движење за право на избор најави генерален штрајк под името „Црн понеделник“

Категории: Западна Европа, Источна и Централна Европа, Германија, Ирска, Полска, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Жени и род, Најважни вести, Политика, Протест, Работа, Човекови права
A widely shared image announcing the 'Black Monday' strike, via Twitter user Anna Blus.

Широко споделувана слика со најава за штрајкот „Црн понеделник“, пренесена од твитерџиката Anna Blus [1].

Полска се подготвува за масовен генерален штрајк на 3 октомри, како наредна фаза на протестното движење против законодавните измени со кои се зајакнува забраната за абортус. Активистиво Германија и на други места низ светот исто така подготвуваат акции за солидарност.

Полските активисти за женски права најавија национален штрајк на жените работнички [2] чија цел е на еден ден да го запре полското општество и економијата [3].

Штрајкот е продолжение на „Црниот протест“, масовна реакција на последниот план на полската влада да ја зголеми острината на законот против абортус со вклучување казни затвор од пет години за жените, вклучително и жртвите на силување, како и лекарите кои вршат абортуси.

Првата фаза на протестите [4] се одвиваше на интернет, преку дигитален активизам, при што луѓето изразуваа несогласување со предлог-законот преку објавување сопствени слики облечени во црно, користејќи ги хаштаговите #czarnyprotest („#ЦрнПротест” на полски, преку Фејсбук [5] и Твитер [6]) како и неговата англиска верзија #blackprotest (Facebook [7], Twitter [8]).

Откако полскиот парламент прифати да расправа за контроверзниот предлог-закон [9] на 23 септември, активистите одговорија со масовни демонстрации во десетици полски градови, како и во неколку други [10] градови низ светот во текот на наредниот викенд.

Десничарската национално-конзервативна партија  ПиС [11] („Закон и правда“) има мнозинство во парламентот и поддршка од Католичката црква. Нејзините пратеници изгласаа одбивање да се расправа за друг предлог-закон со кој би се либерализирале постоечките закони [12]. Предложен од коалицијата за право на избор „Спасете ги жените“, поддржан со петиција со 150.000 потписи, овој предлог ќе дозволеше легални абортуси до 12-тата недела на бременост.

Антивладин протест во Варшава денес. #црнпротест…

На 1 октомври, политичката партија РАЗЕМ [18] („Заедно“), која е многу активен елемент на протестното движење, во кое се вклучени и граѓански организации и индивидуални активисти, организираше уште еден масовен протест за правото на извор пред Сејмот, полскиот парламент во Варшава.

Варшава во моментов!

Полска против целосната забрана за абортус. #црнпротест #НемаВеќеШегување

Протестното движење има поддршка од лево-ориентираните политички партии, како и од активисти за човекови права [27] од цела Европа.

Европратеници од групата Прогресивци маршираат во солидарност со полските жени во Варшава!

Анкета од компанијата Ипсос укажа [34] дека 11% од граѓаните поддржуваат построги закони против абортусот, 47% не одобруваат промени на постојните закони, а 37% бараат либерализирање. Една друга анкета покажа [35] дека протестното движење има широка поддршка.

55% полски жени го поддржуваат „Црниот протест“ против целосна забрана на абортус. 44% од мажите ги поддржуваат протестите, 15% се против нив.

Штрајкот и протестите закажани за 3 октомври го користат слоганот „Црн понеделник“. Активистите ги користат хаштаговите #CzarnyPoniedziałek на полски (на Фејсбук [39] и Твитер [40]) и  #BlackMonday на англиски (на Фејсбук [41] и Tвитер [42]). Главниот настан на Фејсбук [43] нуди линкови до планираните демонстрации во десетици градови во Полска, низ Европа и во Северна Америка.

Една од поголемите демонстрации за солидарност со штрајкот „Црн понеделник“ [44] е закажана во Берлин, на улицата Варшауер штрасе (Варшавска). Организаторите, независниот колектив Џевучи џевучом Берлин, се етнички Полјаци кои сакаат да искажат поддршка на сонародниците на кои им се заканува загрозување на човековите права.

„Црниот понеделник“ е штрајк на предупредување од сите жени во Полска. Во текот на еднодневниот штрајк, тие нема да работат, ниту во универзитетите и училиштата, како и нема да вршат работи во домаќинствата. Штрајкот е колективна иницијатива со која се собираат жените од сите возрасти, занимања и животни искуства.

Протестот „Црн понеделник“ е настан на национално ниво, со кој се мотивираат илјадници жени во краток рок, како одговор на критичната ситуација во Полска. Неодамна, познатата полска актерка Кристина Јанда на социјалните медиуми објави идеја за организирање национален штрајк по примерот на штрајкот од 1975 година на Исланд [45]. Тогаш, жените се бореа против родовата нееднаквост и нивниот штрајк ја парализирал земјата на еден ден.

Во тековната ситуација, во 2016 година (во 21. век!) полските жени мора да се борат за нивните основни права на самоопределување, а поспецифично, за нивните репродуктивни права.

Една дигитална алатка за мобилизација на луѓето за активностите на „Црните протести“ се и панк-видеото од групата Ел Банда.