Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Шпанија: Уличните протести се незапирливи

Оваа статија е дел од нашиот специјален прилог Европа во Криза.

Откако рударите пристигнаа во Мадрид, за да штрајкуваат во знак на протест против 63% намалувања во нивниот сектор, демонстрациите не прекинаа во главниот град на Шпанија. Од минатиот 10ти јули има дневни протести на кои се придружија различни професионалци, како што се пожарникарите, но и вработени во владата. Полицијата и армијата изјавија дека и нивното трпение исто така има граници.

На 19ти јули се одвиваа многу протести во неколку градови низ Шпанија против намалувањата најавени од председателот Маријано Рахој. Исто така, на „Протестот на невработените“ стотици невработени маршираа кон Мадрид од безброј градови. Нивното пристигнување во главниот град беше на 21ви јули.

Најголемото намалување на платите за време на шпанската демократија водена од Популарната Партија, е додадено на ветувањата на оваа иста политичка партија која систематски потфрли да ги исполни истите, а и навредата кон невработените од страна на парламентарката Андреа Фабрас со нејзината позната фраза, „Кој ги врти“, беа искрите кои влијаеа на демонстрациите во текот на изминатите денови. Протестите понекогаш не беа мирољубиви покажувајќи го гневот на народот додека властите ги притискаа насилно.

Протести против намалувањата во Мадрид. Фотографирано од Фотограцион.

Социјалните медиуми и самоименуваните против-информациски медиуми ги покажаа настаните преку слики. Ние избравме неколку од нив. (Сите слики – освен именуваните – беа сликани од Фотограцион и објавени под Лиценцата Криејтив Комонс BY-SA 3.0):

Рударите после пешачењето од 400 км, пристигнаа во Мадрид со нивните барања:

Рударите со нивни регионални знамиња одат во центарот на Мадрид.

Имаше тешки моменти во центарот на Мадрид ден откако рударите пристигнаа. Полицијата против протести пукаше гумени куршуми кон демонстрантите кои возвраќаа со вресоци „засрамете се“ (12ти јули). Овде има неколку примери на видеа собрани од веб-страната Шпанска Револуцуја.

Слики од спонтаните протести на владините работници пред Конгесот откако ги најави намалувањата на платите кои ќе влијаат на нив – 15ти јули.

Вработените во владата се собираат пред големите групни бази, ПП и ПСОЕ, и пред Конгресот.

Апсење на жена за време на протестот.

Слики од протестот предизвикан од  намалувањата и изјавата на Андреа Фабра.

Знак кој го симбозира немирот во кој Шпанија живее.

Пожарникари се прогласуваат себеси како: „Изгорени“:

Голи пожарникари протестираат. Сликано од: @elcomerciodigit.

Противпожарен камион се движи низ демонстрантите.

Економски лекции на балкон во Леганес, близу до Мадрид:

Поплаки против намалувањата против Председателот Маријано Рахој. Објавено од @janc1991

Заеднички повик за протест низ државата на 19ти јули:

Транспарент кој повикува на протест.

Оваа статија е дел од нашиот специјален прилог Европа во Криза.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.