Global Voices и Blog action Day

На 15 октомври, блогерите од целиот свет ќе се соберат за да „блогираат“ за климатските промени, на најголемиот веб настан: Blog Action Day.

Ова е годишен настан кој ги обединува блогерите ширум светот за да пишуваат на една тема истиот ден. Целта на оваа глобална демонстрација е да се подигне совеста и да се охрабри глобалниот разговор за значајните теми со кои се соочува светот.

На нивниот официјален блог, Робин Бек ја објави темата за Blog Action Day 2009:

Среќен сум што ја објавувам темата за Blog Action Day 2009: климатските промени.

Илјадници луѓе гласаа и заедно ќе внесеме нова, поголема димензија во дискусијата за климатските промени исто како што нашите лидери се подготвуваат да се сретнат во Копенхаген, овој декември, со напори да се согласат за последните решенија за оваа криза.

Blog Action Day беше основан од Колис и Киен Таид во 2007 со поддршка од нивниот тим во Eвато. На првата средба, основачите охрабрија повеќе од 20.000 блогери да го посветат денот за да пишуваат за прашања од областа на заштита на околината. Наредната година, во 2008, тие ги нагласија прашањата за сиромаштијата, споделувајќи ги нивните лични гледишта и идеи за решавање.

Оваа година, тема се климатските промени, што е одлична можност да се надградат сите дискусии и онлајн кампањи кои што беа организирани пред средбата на COP15 Состанокот на ОН во декември 2009, во Данска.

Секој може да учествува во Blog Action Day на 15 октомври, без разлика дали на блогот, на онлајн весниците или онлајн магазин. Нема ограничување за бројот на постовите или за нивната содржина, се додека темата се климатските промени. Меѓу поддржувачите на Blog Action Day се организациите како Оксфам (Oxfam), Аваз (Avaaz), TckTckTck, Гринпис (Greenpeace) и Амнести Интернешенел (Amnesty International).

Како официјален партнер Global Voices ќе го поддржи Blog Action Day, со охрабрување на блогерите од целиот свет да ја регистрираат нивната онлајн линија за поддршка и да се придружат. На 15 октомври, а и понатаму, блогерите на Global Voices очекуваат да се поврзат и да ги преведуваат блогерите од целиот свет кои зборуваат за климатските промени и за околината каде што живеат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.