Источен Тимор: Поезијата од Абе Барето Соарес за јакнење на нацијата

Улогата на писателот е да ги собере фосилите на реалноста распрскани наоколу и да го украси ѕидот на нашата историја со нив.

Улогата на писателот е да ги собере фосилите на реалноста распрскани наоколу и да го украси ѕидот на нашата историја со нив.

Во претходниот напис од оваа серија, додека ја славевме десетгодишнината од референдумот во Источен Тимор, прикажавме како меѓународната заедница застана и ги поддржа луѓето од Источен Тимор. Во овој дел ќе го интервјуираме тиморскиот писател Абе Барето Соарес за да го рашириме есејотНационализмот на Тиморците, виден низ очите на неговите поети“ кој е издаден неодамна.

Абе (или неговиот кибер-псевдоним Женувем Еурито, како што бил и нарекуван од неговите пријатели во младоста) е блогер од 2007 година и ги споделува своите зборови и мисли на четири јазици, анализирајќи често литературни дела кои се важни за самоопределувањето на неговата земја. Покрај ова, Абе детално дискутира за создавањето на национална свест по борбата за независност.

Користејќи ги предностите на блоговите за да ги негува на оригинален начин глобалните врски и разговори на далечина, тој ги опишува своите блогови како „слатки зборови, грижливи зборови, на место каде што луѓето зборуваат еден со друг, споделувајќи работи како што се прашањата „што“ и „како“ животот се одвива во светот“.

Но, зборовите и дејствувањата на Абе не биле отсекогаш вака слободни, како што и самиот изјави за време на индонезиската окупација на Источен Тимор.

Се чувствував како рацете и устата да ми се врзани. Не можев да кажам што чувствувам за Источен Тимор.

Global Voices Online (GVO): Каде беше пред 10 години? Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за твојот живот?

Абе Барето Соарес (АБС): За време на референдумот, јас бев во странство. Во тој период бев во Португалија. Гласав заедно со други сонародници во Лисабон. Заминав од Источен Тимор за да продолжам со моите универзитетски студии и го избрав англискиот јазик за главен предмет во универзитетот Гадџах Мада во Јогјакарта, Индонезија. Потоа, отидов во Канада за да учествувам во програма за културна размена во почетокот на септември 1991 година. Масакрот во Санта Круз се случи на 12 ноември 1991 година, кога јас бев при крај на програмата. Грижејќи се за мојата лична безбедност, одлучив да останам во Канада и да барам политички азил. Таму останав 7 години, борејќи се за слободен и независен Источен Тимор преку дипломатски и културни активности (користејќи ја музиката како начин за привлекување на вниманието на надворешниот свет кон настаните во земјата). Имав можност да поминам година и пол во Португалија, од пролетта 1998 година до есента 1999 година. Потоа, заминав за Макао каде што изучував новинарство во португалската новинарска агенција Луса (од октомври 1999 година до март 2000 година). Се вратив во Источен Тимор во јули 2000 година. Оттогаш, учествувам во мисии на ОН во Источен Тимор како помошник за информации и како преведувач и толкувач.

Сведоштво на Абе Барето Соарес за документарецот на Стивен Маршал „Помрачување на Источен Тимор“ (8 | 1997) за слабата застапеност на мејнстрим медиумите во Источен Тимор за време на индонезиската окупација. Кликнете на сликата за да го видите документарецот.

Сведоштво на Абе Барето Соарес за документарецот на Стивен Маршал „Помрачување на Источен Тимор“ (8' | 1997) за слабата застапеност на мејнстрим медиумите во Источен Тимор за време на индонезиската окупација. Кликнете на сликата за да го видите документарецот.

GVO: Колку и како Ви беше достапна литературата на Источен Тимор за време на индонезиската окупација?

За време на индонезиската окупација, додека студирав во Јогјакарта, наидов на книги за Источен Тимор како што е „Источен Тимор: Национализам или колонијализам“ од Џил Џолиф, новинар од Австралија. Во оваа книга го открив починатиот тиморски поет, Франциско Борја де Коста. Еден дел од поезијата во неговата книга: „задушете го мојот револт/со врвот на вашите бајонети/ измачувајте го моето тело/ во оковите на вашата империја/ потчинете ја мојата душа /во верата на вашата религија…/“ навистина го разгори национализмот во мене. А преку книгата „Фуну: Незавршената сага за Источен Тимор“ од Жозе Рамос-Орта (сегашен претседател на Републиката Источен Тимор) го открив Фернандо Силван.

Pedem-me um minuto de silencio pelos mortos mauberes.
Respondo que nem por um minuto me calarei.

Fernando Sylvan

Бараат од мене една минута тишина за починатите маубере (maubere) луѓе.
Јас им одговарам дека нема да молчам ни минута.
Фернандо Силван

GVO: Често го цитирате тиморскиот поет Фернандо Силван. Како ја користите поезијата за никогаш да не молчите, како што вели горенаведената поема?

АБС: Поетот е говорник на неговата ера. Тој или таа треба да ја прекине тишината кога има опресија. Живеејќи на оваа планета, ние сме во постојана битка меѓу светлината и темнината. Поетот треба да биде на чело, со факелот во раце. Тој или таа е „воин на светлината“. (Го позајмувам овој концепт од Паоло Коелјо, бразилскиот писател).

Како уметник треба да сум спремен во секој момент да се вклучам во духовната војна. Зборовите се моите мечови. Да се надеваме дека моите зборови ќе ги натераат луѓето да кажат дека можат да бидат во мир со себе во создавањето на хармонија на оваа прекрасна планета.

Белешки од Musafir 48

GVO: Дали твоите блогови на четири различни јазици го одразуваат начинот на кој луѓето комуницираат во Источен Тимор?

АБС: Тиморците сакаат да сум креативен во искористувањето на „благодатот“ на колонијализмот и глобализацијата. Покрај мојот мајчин јазик – тетум и мајчиниот јазик на татко ми – галоле, користам исто така и англиски и индонезиски во мојата книжевна кариера. Горд сум што ги користам за да ги пренесам своите чувства и мисли. Би сакал навистина да направам и португалски блог наскоро.

Абе (од десно) на Фестивалот на писатели и читатели во Убуд (2007). Слика од theunspunblog.com искористена со дозвола.

Абе (од десно) на Фестивалот на писатели и читатели во Убуд (2007). Слика од theunspunblog.com искористена со дозвола.

GVO: Зошто ја имате создадено категоријата Korespondensia Literarie (Книжевно допишување) на вашите блогови?

АБС: Ја додадов категоријата „Korrespondensia literaria“ на мојот блог на тетум јазикот во обид да им го пренесам на читателите литературното допишување што го имав со моите пријатели преку СМС. Практичната страна на ова е што со пренесувањето на пораките на блогот јас ќе ги зачувам. Како човек што се занимава со литература јас морам постојано да комуницирам со пријатели од целиот свет. Сакам да научам од нив. Сакам да ја пренесувам филозофијата на Greenpeace „мисли глобално, а дејствувај локално“.

[SMS:] ITA-BOOT NIA BATINA/ha’u moras todan: ha’u klamar terus/fó lisensa mai ha’u-ata atu kaer Ita-Boot nia batina/fakar mós Ita-Boot nia mina oliveira domin nian mai ha’u-ata/ hodi nune’e ha’u bele di’ak filafali ho lalais// [21:51:11//11-2-2009]
Resposta sira:
1.R. D. = “Se mak bulak ida ne’e?” [maisumenus tuku 10 kalan]
2.Suzana TP = “Diak pois há’u haruka ba suli hanesan tasi” [22:08:53//11-2-2009]
3.Atoi R. = “Obrigado maibé ha’u la kompriende” [22:18:00//11-2-2009]
4. Pe. Olá = “Sajak ne’e tau nia titulu, Jesus. Bele atrai liu” [11:55:12//12-2-2009]
5.F.Nascimento = “We matan mos, we liman diak, halo suli mai, fakar mos mai, ami iha lerek susar no terus laran. Tan Ita Boot, ami Nain deit. Laran luak tebes no kmanek wain basuk.”[12:56:05//12-2-2009]

[SMS:] ТВОЈАТА НАМЕТКА/ Многу сум болен: мојата душа страда/ дозволи ми да ја подржам Твојата наметка / туширај ме со мирисот на Твоето маслиново масло/ Така, ќе закрепнам пак. // [21:51:11//11-2-2009]
Одговори:
а. R.D. Кој е ова по ѓаволите? [околу 22 часот]
б. Suzana TP= ОК, тогаш ќе ти вратам, течејќи како море. [22:08:53//11-2-2009]
в. Atoi R= Ти благодарам ама не разбирам. [22:18:00//11-2-2009]
г. Father Ola= Насловот на песната треба да биде „Исус“. Така ќе биде попривлечна. [11:55:12//12-2-2009]
д. F. Nascimento= Очите на водата се отворени/ Рацете на водата се добри./ Натерај ги да течат и пушти ги врз нас/ Ние чувствуваме болка и страдање/ Ние сме единствениот наш Господар/ Ти си навистина Тој со добро срце и голема среќа [12:56:05//12-2-2009]

Sonhos dos Poetas Loucos

Lia-na’in sira-nia mehi hatutan no lolo liman ba malu
Lia-na’in sira-nia mehi bidu no tebe hadulas mundu rai klaran
ho haksolok

Lia-na’in sira-nia mehi fanun ha’u,
no ema lubun maka sei toba dukur


Fevereiru 2009

Соништата на лудите поети
Соништата на поетите се пренесуваа натаму, тие ги протегаат своите раце еден кон друг
Соништата на поетите биду (танц изведен од мажи) и тебе (танц изведен од мажи и од жени кои се држат за раце во круг) кружат околу планетата Земја
радосно
Соништата на поетите ме будат
Како и толпата која сè уште цврсто спие
-
февруари 2009

Блогови од Абе Барето Соарес:

Dadolin-Poetry from the Land of Lafaek-Crocodile: A Space for Poetic Mind and Poetic Feeling (Dadolin – Поезија од земјата на Lafaek – крокодилот: Место за поетските умови и поетското чувство), на англиски, тетум, бахаса и галоле.

Овој е првиот од серија написи со кој ќе ја одбележиме десетгодишнината од јавниот референдум во Источен Тимор кој доведе до меѓународното признавање на земјата. Во првиот напис ние ја нагласивме поддршката на меѓународната заедница за слободата на Источен Тимор. Во овој напис, го интервјуиравме Абе Барето Соарес, еден од организаторите на настаните за славење на солидарноста што се одвиваше во август и септември во 2009 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.