- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Global Voices + Конверзација за подобар свет

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Супсахарска Африка, Јужна Африка, Граѓански медиуми, Здравје, Идеи, Развој, Конверзации за подобар свет

Нов блог спонзориран од Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA) наречен Конерзации за подобар свет [1] ги ангажираше блогерите од Global Voices да му помогнат да започне онлајн конверзација за популацијата и развојот низ светот.

Најмалку дванаесетмина блогери од Global Voices во следните шест месеци на Конверзации за подобар свет ќе ги споделат своите приказни [2] од нивната блогосфера за околината и климатските промени, младите и сексуалноста, мајчинството, репродуктивните права и уште повеќе.

Секој месец има нова тема [3] и ќе ја предводат двајца нови блогери. Аиша Салдана [4](Бархан) и Резван [5] (Бангладеш) беа коедитори на написите во август и по нив продолжуваат Ндесањо Мача [6] (Танзанија) и Џери Вангари [7] (Кенија) во септември.

Досега, слушнавме за ХИВ позитивните блогери од Африка и Азија, [8] ставовите околу Сидата во Средниот Исток [9] и индиските блогери за фармерите кои соочувајќи се со екстремната сиромаштија извршуваат самоубиства. [10]

Ова за нас е огромна можност да се претставиме пред невладините организации и Обединетите нации, но за Global Voices како целина исто така претставува добредојден алтернативен извор на приходи [11]. Написите од Конверзации за подобар свет ги објавуваме и на Global Voices на посебна страница [2] на овој веб сајт и испраќаме линкови до сите преведени верзии од Лингва сајтовите. [12]

Конверзации за подобар свет сè уште се развива и бара уште придонесувачи – волонтери. Ја охрабруваме нашата заедница да земе учество преку поставување на нивните приказни, а за останатите, многу е едноставно да се регистрираш [13] и да ги споделуваш написите или коментарите.

Се уште имаме многу работа околу рушењето на бариерите на развојот предизвикани од игнорирањето или недостатокот на свест. Преку отворено читање и зборување за се она што блогерите секојдневно го гледаат во светот ние можеме да направиме мала промена.