- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Отворен повик за волонтери во Глобал војсис (Global Voices)

Категории: Македонија, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Човекови права

Прославувајќи го Меѓународниот ден на преведувачите, 30 септември,  Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ упатува покана до преведувачите и до студентите по превод и толкување за придружување на меѓународната мрежа „Глобал војсис“ (Global Voices).

„Глобал војсис“ е волонтерска заедница од повеќе од 800 автори, аналитичари, експерти за интернет-медиуми и преведувачи од повеќе од 160 земји низ светот, кои обезбедуваат и преведуваат вести и приказни што се недоволно покриени од комерцијалните медиуми.

„Глобал војсис“ функционира на повеќе од 20 јазици, меѓу кои англиски [1], македонски [2] и албански [3].

Доколку сте преведувач, блогер, граѓански новинар, ентузијаст, аналитичар на социјалните медиуми, интернет-активист, пријавете се да бидете дел од нашиот тим на преведувачи кон македонски и/или албански јазик, најдоцна до 15 октомври 2015 година, со пополнување на овој формулар [4].

За заинтересираните, Фондацијата „Метаморфозис“ ќе обезбеди и кратка бесплатна обука за користење на платформата на „Глобал војсис“ (WordPress), а волонтерите за нивниот преведувачки ангажман може да добијат и потврда за извршена практична работа.