Кажете ја вашата сторија преку StoryMaker и освојте 1000 евра

Повторно објавено од Free Press Unlimited.

„Создавач на приказни“ (StoryMaker) е новодизајнирана апликација која им помага на луѓето да создаваат или споделуваат квалитетни објави колку што може побезбедно и посигурно преку нивните мобилни телефони. Апликацијата комбинира безбедност со софтвер за уредување и образовна новинарска програма за подобрување на објавите преку мобилен. Програмата е подготвена за употреба и достапна за секого. За да поттикнеме колку што може повеќе луѓе да започнат да го користат „Создавач на приказни“, организираме еден натпревар. Земете учество создавајќи  една сторија преку StoryMaker или поднесете ни предлози за подобрување.

Најдобра објава

Искористете го „Создавач на приказни“ да ја кажете вашата сторија и земете учество во трката за 1000 евра. Сите објави на www.storymaker.cc автоматски влегуваат во натпреварот за наградата. Ја бараме најдобрата сторија, која би останала нераскажана без мобилното раскажување на приказни.

Најдобри предлози за подобрување

„Создавач на приказни“ само што започна, но тоа не значи дека не постои простор за подобрување. Напротив, потребни ни е нашите корисници да продолжат да ја подобруваат апликацијата. Ве молиме пратете ни фидбек, иновативни идеи, грешки кои може да ги сретнете во оваа верзија. Помогнете ни да го направиме „Создавач на приказни“ реален успех. Постои награда од 1000 евра за најдобрата идеја. Пратете ни email на support [at] storymaker.cc.

Можете да земете учество до 31 Декември 2013.

Партнерство

„Создавач на приказни“ е развиен од Free Press Unlimited, The Guardian Project и Small World News. Апликацијата е достапна на англиски и арапски. Секој може да воведе нови преводи, овозможувајќи повеќе луѓе ширум светот да го користат „Создавач на приказни“.

 

Прочитајте за учеството на Глобал Војсес во проектот StoryMaker

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.