Филипинскиот претседател (ерген), Бенињо Акино, го споредил својот љубовен живот со Кока-Кола, за време на петдневната посета во Кина, што во онлајн заедницата предизвикало смеа, но и критики.
“May nagtanong ho kasi sa akin, sabi niya, ‘kamusta love life mo?’ Eh ang sabi ko po sa kanya, parang Coca-Cola. Noong araw, ‘regular.’ Naging ‘light.’ Ngayon, ‘zero,'” said the president.
Според медиумите, претседателот се забавувал со неколку жени по прекинот на врската со неговата девојка Соледад Шалани, минатата година. Неговата посета во Кина имала за цел да привлече кинески инвестиции на Филипините.
Коментарот на претседателот во врска со неговиот љубовен живот привлекол шпекулации за тоа која е следната среќница.
Доколку неговиот љубовен живот сега е ЗЕРО, прашањето е каков ќе биде во иднина, која е следната? И кога неговите сограѓани ќе играат на свадба во палатата?
Но, не секому му се допаѓаат коментарите поврзани со љубовниот живот на претседателот, кој се чини стана предмет на државата.
Се сеќавам дека беше разбеснет поради тоа што медиумите му ја кршеле приватноста и се интересирале повеќе од доволно за неговиот љубовен живот. А веќе следниот ден тој и самиот продолжи да зборува за тоа.
Нула за човечките права
Во меѓувреме, бранителите на човечките права го споредиле љубовниот живот на претседателот сведен на нула со ниското ниво на посветеност на човековите права:
Перспективата Моконг копнее за денот кога повеќе нема да има прекршување на човековите права во државата.
Sana someday when asked “Kamusta human rights violations sa inyo?” Pinoys would say “parang Coca-Cola. Nung araw regular, naging light, ngayon zero.”
Некои меѓународни и локални организации за заштита на човековите права забележале дека претседателот Акино не превземал речиси ништо за да го сопре прекршувањето на човековите права и да ги замени приватните војски со локални воени единици.
Еден сојуз за заштита на човековитее права на Филипините евидентирал 48 противзаконски убиства, 5 принудни исчезнувања, 29 случаи на измачување, 151 нелегално апсење и 3010 жртви на принудно евакуирање од рурални области.
Нула за државните универзитети и факултети
Да не останат покусо, студентите кои протестираат против драстичните скратувања на буџетот за државните универзитети и факултети се придружија кон револтот, овој пат споредувајќи го љубовниот живот на претседателот со сè потенкиот буџет на јавните училишни установи.
Главниот трошок од буџетот се должи на изградба на нови објекти и набавување на нова опрема. Педесет училишта ќе имаат буџет скратен за 569,8 милиони пезоси во предложениот државен буџет за 2012 година. Овие намалувања на буџетот се должат на падот на филипинските универзитети на ранг-листата на најдобрите светски универзитети.
16 септември е избран за Денот на акцијата на блогерите (Blog Action Day- BAD) за подобрување на образованието. Филипинските студенти се спремаат за општонародните универзитетски штрајкови од 21-23 септември против скратувањата на буџетот за образованието и јавните услуги.