- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Недела за подигнување на свеста за глувите луѓе: Организирање офлајн активности онлајн

Категории: Западна Европа, Латинска Америка, Колумбија, Костарика, Шпанија, Младина, Образование, Слобода на говор, Уметност и култура

Фотографија од рака

Овој сегмент од Неделата за подигнување на свеста за глувите луѓе (дел 1 [1], дел 2 [2]) ни покажува како глувите луѓе користат видеа за да ги организираат своите заедници и зајакнат своите офлајн односи.

Во Колумбија, се организира 4тата конференција за млади глуви луѓе и на следново видео [3], Сандра и Еличер, организатори на настанот, ни го покажуваат нам и на колумбиската заедница за глуви рекреативниот парк, каде ќе се одржи оваа година конференцијата, овој пат на шпански знаковен јазик и нарација на шпански:

Исто така, во различни земји се одржуваат и други конференции за заедниците на глуви. Ова видео [4] ги повикува гледачите да учествуваат на првата духовна конференција за глуви во Латинска Америка, а во друго видео [5]е прикажана покана за активности во Костарика за време на Неделата за подигнување на свеста за глувите луѓе.

Како дел од иницијативата да се приклучат повеќе глуви луѓе во видеоблогирањето, елојп креираше видео упатство на знаковен јазик [6], во кое се објаснува како да се отвори блогерски профил и да се започне со „знаковен блог“.

Фотографијата од рака [7] е од Џон-Морган [8], користена под Криејтив комонс лиценца – Наведи извор [9].