Во претходен пост, Глобал војсис за животна околина наведе листа со веб 2.0 алатки за еколошки активизам. Во овој пост ќе се наведат уште неколку други алатки за таа намена, меѓу кои mashups (миксови), онлајн заедници, пресметки на отпечатоците од испуштањето јаглерод диоксид и една онлајн игра.
Mashaups (миксови)
Рори од блогот Карбон Смарт ја прикажа мапата Зелена Африка со истакнување на целта на Гугл мапата и побара од другите да испратат информации за проекти кои може да бидат вклучени.
Мојата цел е да ги истакнам позитивните работи кои се прават во Африка. Постојат многу проекти, но едноставно се невидливи. Првите проекти на мапата се најчесто околу Кејп Таун, само поради тоа што јас живеам тука и имам податоци од прва рака за околината; но не сакам ова да биде мапа само од Јужна Африка.
Исчистете го светот е иницијатива од еколошката програма на Обединетите нации. Тоа е глобална кампања за да се исчисти, среди и заштити животната околина и тие креираа микс од заедниците кои се вклучени во проектот. Вклучените активности се однесуваат на рециклирање, садење дрва, образување и намалување на климатските промени. За да го посетите сајтот кликнете на фотографијата подолу.
Онлајн заедници
Поврзи се со земјата содржи еколошки видеа, фотографии и постови кои се поставени од публиката. Поставените содржини ќе бидат гласани од другите членови и највисоко рангираните ќе добијат мобилни телефони од Нокиа (спонзор на сајтот). Победничките постови ќе бидат прикажани на Светскиот конгрес за зачувување на животната околина во Барселона. Темите кои се дискутираат ги вклучуваат глобалното затоплување, отпадоците и загадувањето, транспорт, природни навики, дивиот свет, чиста енергија и други.
Поврзи се со земјата е место каде може да му кажете на светот зошто вие се грижите за нашата планета.
350
350.орг е онлајн заедница од активисти, кои работат за подигнување на свеста за намалување на количината на јаглерод диоксид во атмосферата.
350 е крајната граница за човечките суштества, најважниот број на планетата. Најновите истражувања покажуваат дека доколку не го намалиме количеството на јаглерод диоксид во атмосферата на 350 делови на милион, ние ќе предизвикаме огромна и непоправлива штета на земјата.
Но постојат решенија. Низ целиот свет, се гради движење со цел да се делува за климатските промени, за да се изнесе човештвото од опасната зона и под 350. Движењето е масивно, различно и визионерно. Ние сме активисти и научници. Ние сме лидери на нашите бизниси, нашите цркви, нашите влади и нашите школи. Ние се залагаме за чиста енергија, политичари кои размислуваат за иднината и бестрашни револуционери. И ние сме обединети низ целиот светот, со цел да ја направиме нашата планета подобро место за живеење за идните генерации.
Пресметки на отпечатоците од испуштањето јаглерод диоксидот
Екорио
Јими Хеимбуч од Трихагер го нарече Екориа супер кул алатка, која ќе биде достапна на новиот Г1 Гугл телефон, кој работи на Андроид. Екорио е мобилна апликација која работи во позадина и собира податоци за патувања. Ги додава милјите и го прикажува отпечатоците од испуштањето јаглерод диоксидот и цената.
Доплр
Доплр е алатка која се користи од честите патници за да споделуваат информации за своите следни патувања со пријателите и колегите. Сервисот покажува случајни средби и им помага на луѓето да се поврзат. Доплр го додаде калкулаторот „мој диоксид“, кој ги прикажува отпечатоците од испуштањето јаглерод диоксид со користење информации од АМЕЕ, организација подобро позната како „Мерач на светската енергија“.
Онлајн игри
Свет без нафта
Ова е алтернативна реална игра која е интерактивна и чија цел е снаодливост на играчите и нивните дејствија.
Идејата на Свет без нафта е едноставна и провокативна: Што ако настане нафтена криза на 30 април 2007 – што ќе се случи? Како ќе се сменат животите на обичните луѓе? Играчите се поканете да замислат како нивните животи и заедници ќе бидат различни и како тие ќе се снајдат доколку наеднаш нема веќе нафта. „Заплетот“ се развива динамично. Прво, играчот ги чита „официјалните вести“ и што велат другите играчи. Потоа, користејќи комбинација од постови на блогови, видеа, фотографии и дури гласовни пораки, тие ги раскажуваат своите приказни за предизвиците со кои се соочувале. Како што продолжува кризата, играчите ги дополнуваат своите приказни со мисли, реакции и решенија.
Антони Вилијамс од Викиномикс го напиша следново за играта:
Нема сомневање дека борбата со промените во климата ќе бара масивен светски напор, кој може драстично да го измени светот што го знаеме денес. Нас ни треба многу повеќе од паметна јавна полиса. И ни треба многу повеќе од детално опремување на индустријата со нови машини и нашата инфраструктура. Ние сите треба да се откажеме од нашата зависност од нафта и тоа ќе бара од нас да направиме огромни промени во нашите секојдневни животи. Алтернативните реални игри, како Свет без нафта, може да играат огромна улога во влијанието врз публиката за таа да направи вакви витални промени.
1 коментар